Војниците на Руската Федерација убиле 17 цивили и повредиле уште 29 во Украина во изминатиот ден, 18 октомври. Како што објави заменик-шефот на Кабинетот на претседателот Кирило Тимошенко на Телеграм, загинаа 12 цивили (беа откриени телата на осум лица убиени претходно), а уште 12 лица беа повредени во регионот Доњецк.
Тринаесет цивили се повредени во регионот Запорижја. Едно лице загина во регионот на Миколаев.
Во регионот Суми две лица загинаа, а едно лице е повредено. Во регионот Харкив две лица се повредени. Повреден е и еден цивилен жител на регионот Херсон. Во Кијив загинаа уште тројца цивили, информираат ураинските власти.
Како што е соопштено, руската војска на 18 октомври нападна девет региони на Украина.
Украина е денеска е под масовен руски ракетен напад
Жителите на главниот град Кијив слушаат експлозии во различни области. Очевидци известуваат за работата на системите за противвоздушна одбрана. Веќе час и половина трае голема воздушна тревога, пренесува Укринформ.
Според Оперативната команда „Север“, одбранбените сили на регионот Чернигив собориле два проектила.
Регионот Виница исто така беше нападнат со непријателски проектили.
Градската државна управа на Киjив извести дека единиците за противвоздушна одбрана собориле неколку руски ракети над Кијив.
Шефот на Регионалната воена управа на Чернихив, Вјачеслав Чаус, објави на Телеграма дека во Чернихив експлодирал беспилотно летало камиказа Шахед-136 од Иран.
Серхиј Борзов, шеф на регионалната воена управа на Виница, објави на Фејсбук дека Русите истрелале проектили врз енергетскиот објект во регионот Виница.
Подготви: Ј. Ѓ.