ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Шкријељ: Ако ВМРО-ДПМНЕ има искрена желба да се спротивстави на омразата, фашизмот, дискриминацијата ќе го поддржи законското решение за политичките партии

October 20, 2022 12:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Со едногласна поддршка пратениците во Соборанието, во вторник, гласаа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за граѓански здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за политички партии, поднесен од СДСМ. И двата предлога доаѓаат како реакција на отворањето на клубот „Ванчо Михалјов“ во Битола и „Цар Борис 3“ во Охрид, за кои имаше бурни реакции во јавноста за нивното именуање по личности познати по нивните нацистички и фашитички убедувања“, во интервју за Цивил Медиа истакнува независната пратеничка, Санела Шкриjељ.

ЦИВИЛ Медиа: Каков е кредибилитетот на ВМРО-ДПМНЕ да дава предлог-измени на законот за граѓански здруженија, кога до пред само неколку години спроведуваше судско-полициски прогон и медиумска хајка против нив? Впрочем, партиските структури на ВМРО-ДПМНЕ до ден-денешен се служи со погрдни и клеветнички изрази, како „предавници“, „странски платеници“ и други изрази.

Шкријељ: Како некој што доаѓа од граѓанскиот сектор апсолутно ми е познат ставот на опозиционата партија кон граѓанските организации. И не би рекла во далечното минато, сѐ уште имаме примери на хајка против граѓански организации. Меѓутоа, во овој случај, ако зборуваме за конкретниот предлог за Измени и дополнувања во Законот за граѓански здруженија и фондации, она од што ние тргнуваме и сметаме дека секогаш треба да имаме таков одговорен пристап кон државата првенствено е токму тоа, интересот на граѓаните и на државата. Од тие причини решивме, по најавите на колешката Мизрахи дека ќе поднесе такви измени, дека ќе ги подржиме тие измени затоа што се однесуваат на темелите и основните вредности на нашата држава. Сами посочивте, кредибилитетот на опозиционата партија да зборува за овозможувачка средина за слободно делување на граѓанските организации и малтене непостоечки.

ЦИВИЛ Медиа: Кога веќе се носат измени за невладините организации, логично е и партиите да се обврзат на принципите за борба против национализмот, фашизмот и омразата. Кој е Вашиот личен став (и ставот на партијата/институцијата/организацијата) што ја претставувате?

Шкријељ: Самите коментари на опозицијата за плагијат или нешто слично зборуваат за еден друг однос. Ако ние тргнавме од вредностите што треба да ги негуваме во нашата држава, не слушнавме дека имавме таква реторика во однос на овој предлог за изменување на Законот за политички партии. Политичките партии се еден вид на здружување, меѓутоа имаат многу поголема одговорност во однос на она што значи управување со државата. Од тие причини сметавме, особено имајќи предвид дека имаме политички субјекти коишто се повикуваат во своето делување на континуитет, а тој нивен континуитет опфаќа дел од историските личности коишто се сега спорни, а кои негувале поинакви вредности. Очекуваме, дека доколку навистина има искрена желба и заложба од  опозиционата партија да се спротивстави на тие вредности, на нетолеранција, омраза, дискриминација, фашизам, да го поддржи ова законско решение. Нашата идеја беше тргнувајќи токму од тоа дека политичките партии имаат и тоа како поголема одговорност затоа што заложбата и борбата е да бидат на власт и да управуваат со институциите споредено со граѓанските здруженија.

ЦИВИЛ Медиа: Дали постои некое законско решение, дали овој закон тоа го опфаќа, ако решат да не ги испочитуваат законските обврски, да не ја сменат програма или ако ја сменат, на хартија, да не ја елаборираат во јавност, односно да продолжат со истата националистичка реторика, фашистичките и други наративи?

Шкријељ: Предлогот што е доставен и е во собраниска процедура, значи е предлог и внатре има временски рок во којшто треба да се услогласат политичките субјекти во тој дел. Меѓутоа е предлог. Допрва треба да оди на матичните комисии и е нешто што ќе се разговара и ќе се прецизира, се надевам со консензус на сите политички субјекти. Поставивте едно многу битно, за мене круцијално прашање, а тоа е нашата одговорност како политички субјекти во изјавите и јавните настапи. Значи ние можеме да имаме, во некои делови и имаме добра регулатива на хартија, меѓутоа доколку ние не сфатиме, особено политичките субјекти, јавните функционери, ние како пратеници и пратенички тука во Собранието, која е тежината на нашиот збор и дека пораката што ја испраќаме кон јавноста е токму тоа, не она што го пишува во програмите, туку она што го застапуваме и елаборираме во нашите јавни настапи, навистина нема да направиме помак. А ние сме сведоци, јас тоа отворено сум го кажала многупати, дека Собранието и тоа како знае да биде место каде што се практикува говор на омраза кон другите етнички заедници, кон особено ранливи групи, кон жените, кон ЛГБТИ+ заедницата… Сето тоа е она што сакаме да го превенираме со овие законски измени. Така што навистина сметам дека клучното ќе биде дали политичките субјекти ќе бидат доволно одговорни, кога ќе застанат на јавна говорница, вклучително и тука во Собранието да внимаваат на пораките што ги испраќаат во јавноста.

Биљана Јордановска / Цивил Медиа

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Сабота ден за женско финале на Вимблдон: Анисимова против Швјонтек

July 12, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

July 12, 2025
Фото: ВИ

Трамп воведе царини за ЕУ од 30 проценти

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk