ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Што му се случува на мојот пријател?

October 31, 2022 10:17
in ESPRESSO, ZOOM IN
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Имам еден пријател, кој со искрена љубов говори за тоа колку убаво се живееше во СФРЈ (дополнување за помладите: тоа е кратенка за Југославија, сега непостоечка држава). За себе вели дека е прогресивен и дека е „стара комуњара“. Беше и ревносен учесник во Шарената револуција.

Боречка пензија

Некако, тој мој пријател и сличните на него, уште во раните денови по повторното воспоставување на демократијата во 2017 година, почнаа да покажуваат знаци на „разочарување“. Како да очекуваа да се тркалаат глави, да се наполнат затворите, да проработи „народниот суд“. По можност, сабјата да ја држат тие.

Имаа и други очекувања. Иако изгледа како претерување, но од сѐ што говорат изминативе пострежимски години, произлегува дека единствено би биле задоволни ако за учеството во Шарената им се обезбеди обилна боречка пензија, медали, почести и привилегии. Па и некаква власт и моќ. Се разбира, без учество во политиката и во демократските процеси. Нели, тие се „бореха“. Сега треба само да седнат во првата кафеана, а државата треба да дојде и да ги замоли да им даде привилегии за нивната „славна борба“. Не мора ни самите да знаат точно што треба да направи државата за нив. Тоа е обврска на државата!

Сите се исти

Мојот разочаран пријател и неговите „славни соборци“ премногу лесно дојдоа до „заклучокот“ дека „сите се исти“. Наострени на сѐ – онака занесени во својата „прогресивна граѓанска бунтовност“ – бијат секојдневни крвави битки со „неправдите“. Каде? На Фејсбук. Свесно или несвесно, намерно или ненамерно – сеедно – нивните „аргументи“ станаа ехо на бандитите кои се занимаваат со политика само заради пари и власт и ништо друго.

Власта е виновна за сѐ – од првиот ден. За цените, за невработеноста, за нефункционалноста на парламентот (кој до денешен ден го блокираат поранешните угнетувачи)… Па и за климатските промени и природните непогоди. Така е полесно. Зошто да се мачат да видат каде власта навистина греши, кога може да се каже дека секако греши во сѐ. Полесно е да се запали куќата отколку да се брка мувата низ неа, зарем не?

*

Мојот пријател знае да каже и дека „никогаш не бил за ВМРО, ама…“ или „да за ЕУ, ама…“ После тоа „ама“ може да каже што сака, но сѐ се сведува на една голема тегобна бесмислица.

Еден бесмислен разговор (илустрација)

Еднаш ме сретна на улица и ми замавта со прстот.

„Што е?“ – го прашав.

„Те читам, да знаеш, те читам! Немој да мислиш дека не те читам!“ – рече, како да ме фатил да правам нешто скришно.

Не знаев што да кажам, се смеев.

„И да знаеш, у право си за све, ама со ништо не се слагам со тебе!“ – го подигна гласот, а луѓето наоколу се свртеа.

„Како тоа? Во право сум, ама ти не се сложуваш со мене?“ – го прашав.

„Си знаеш ти добро…“ – рече и си отиде.

Тоа беше еден толку бесмислен разговор што не заслужува да биде забележан, освен како илустрација за силината на „аргументите“ на мојот пријател. Образован човек е, се занимава со интелектуална работа, своевремено бил и просветен работник. Има и повеќе од доволно години за да му одбијам на младост.

Поклоници на Путин

Мојот пријател и неговата дружина, од југоносталгичари и титоисти, и горди, но разочарани Шарени „револуционери“, станаа поклоници на Путин.

„Не сум за Русија, ама…“ – читам коментари од пријателот и сличните на Фејсбук.

Пак тоа „ама“… Најгротескниот обид да се прикрие поддршката за Путин и неговата ѕверска агресија против Украина. Доказите за грозоморни воени злосторства и геноцид ги „правдаат“ со „па Зеленски, комедијантот, треба да седне на преговарачка маса“, „Зеленски е крив за страдањата на Украинците“. Тоа е исто како да каже дека „силувањето е злосторство, но жртвите се виновни затоа што мора некако да ги ‘предизвикале’ напаѓачите“.

Откако Путиновите орки почнаа да губат на фронтовите од крајот на август наваму, прават „компромис“ со „крив е Путин, ама и Зеленски“ или „мене не ме интересира политика“. Но моите текстови се секако „америчка пропаганда“, што, ако не е полошо, тогаш е барем „исто како руската пропаганда“. Исто, па исто. Таа бескрајна пустина на релативизирањето…

*

Колку и да се обидувам, не можам да најдам објаснување, а ниту оправдание за мојот пријател. Тој е далеку од неписмен и глупав. Што му се случува на мојот пријател?


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Се отвора изложбата „Лаењето на облаците не ги повредува кучињата“ на Дритон Селмани

НАЈНОВО

Фото илустрација, генерирано со ВИ

Трамп му се закани на Бостон: Ќе го повикам Инфантино од ФИФА да не се одржува СП 2026 во тој град

October 15, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Преку 9 милиони евра подршка од Владата за Гостивар за реконструкција и изградба за улици

October 15, 2025

Руте: Поддршката за Украина е притисок врз Путин и зајакнување на нашата безбедност

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk