„Една година од владеењето на Максим во Куманово. Една година партиски вработувања. Една година терор врз неистомислениците во општинските институции. Една година гол популизам и замимавање со надворешна политика, наместо решавање на проблемите на граѓаните. Една година без ветуваните катни гаражи. Една година без паркови и зелени површини. Една година недомаќинско работење на општинските институции. Една година неспособно управување и менаџирање на сите општински установи. Една година поставување раководни кадри и вработувања во договор со ВМРО ДПМНЕ. Една година како Максим се одолжува на ВМРО ДПМНЕ и обработува за добиените вмровски гласови, задоволувајќи ги нивните апетити за раководни функции. Една година од неспособното владеење на Наше Куманово и ВМРО ДПМНЕ на чело со Максим Димитриевски, кој впрочем е поголем вмровец од вмровците“, во објава на Фејсбук истакнуваат од СДСМ Куманово.
Оттаму велат дека Куманово и кумановци се разочарани и дека на општината и се потребни решенија за многубројните проблеми.
На градот, приградските населби и селата не им треба гол популизам и меѓународна политика, потребни се капитални инвестиции, се нагласува во објавата на СДСМ Куманово.





