ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бизнисот со повик до пратениците да не се блокираат антикризните мерки – неопходни се за зачувување на работните места

November 2, 2022 14:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Бизнисот апелира Собранието што поскоро да ги усвои антикризните мерки што ги предложи Владата. Во собраниската Комисија за финансирање и буџет, покрај мерките за директна финансиска помош кон одредени категории на граѓани, во место тапка и помошта за стопанството како што анализираше Цивил медиа, со која се очекува да се стабилизира ценовниот удар на енергенсите како инпут во производството.

Од Стопанската комора на Северна Македонија за „Цивил медиа” велат дека остануваат на официјалниот ставот изнесен од извршниот директор на комората, Антони Пешев според кого директните средби со компаниите покажуваат дека енергетската криза има силно влијание врз конкурентноста на македонската економија. Воедно, како што додава Пешев, компаниите тешко ја одржуваат ценовната ликвидност на своите производи и услуги на странските, но и на домашниот пазар.

-За да се одржат домашната економија и конкурентноста на домашните производи и услуги, и дома и во странство, но и за да ги зачуваат работните места, компаниите ја очекуваат поддршката од Владата, која Собранието треба да ја изгласа што поскоро, вели Пешев.

Сличен став, за „Цивил медиа“ сподели и претседателот на Сојузот на стопанските комори, Трајан Ангеловски.

-Не навлегуваме во политички одлуки дали некој ќе блокира или не, но би сакале мерките да се изгласаат што поскоро, вели Ангеловски.

И од Стопанската комора и од Сојузот на стопанскиот комори велат дека мерките се неопходни, особено поради регулирање на цената на струјата за стопанството. Според Ангеловски во моментов струјата на слободниот пазар е поевтина од таа на регулираниот, делумно и поради топлото време, но сепак доаѓаат зимски месеци и мерките се потребни.

– Апелираме државата во иднина да ја олесни можноста за инвестиции во обновливи извори, бидејќи вака зависиме само од берзанската струја што видовме дека може да донесе сериозни последици на економијата, додава Ангеловски.

Претходно од владејачкото мнозинство ја повикаа опозицијата да даде поддршка за блокираните мерки. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески вели дека не очекува опструкции од ВМРО-ДПМНЕ за помошта за бизнисите, особено за Законот за задолжување од Европската банка за обнова и раазвој со заем од 100 милиони евра за ЕСМ, за да се обезбеди производство на струја од домашните енергетски капацитети.

-Очекувам да биде закажана на Комисијата за финансирање и буџет и Законот за задолжување од ЕБОР со 100 милиони евра за ЕСМ за производство и снабдување на струја за граѓаните и фирмите. Исто така и законот, којшто е надвор од кризата, но е редовно работење и проблем за којшто долго време зборуваме и го бараат граѓаните, тоа е задолжувањето од 50 милиони евра за преработка на цврст отпад во регионални фабрики за преработка на отпад“, изјави неодамна Митрески за Цивилмедиа.

Тој уште информираше дека, иако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица веќе подолго време не учествуваат на состаноците за координација во Собранието, се вложуваат дополнителни напори и комуникација по други основи за да се поттикне учеството на народните избраници на опозицијата во расправата и донесувањето на законите од интерес на граѓаните и општеството.

Извор: Цивил Медиа

Next Post

Бонусот за насилство е истечен

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk