ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Две милијарди евра во три години владина помош за граѓаните и фирмите

November 3, 2022 12:58
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата предводена од СДСМ и коалицијата во изминативе три кризни години издвои околу две милијарди евра помош за граѓаните и фирмите. Со шесте економски мерки за справување со последиците од пандемијата и антикризните мерки за справување со енергетската и економската криза, Владата не ги остави граѓаните и фирмите сами, туку со мерки креирани низ консултации со засегнатите страни, успеа да ги ублажи ударите.

Економските пакети за справување со последиците од пандемијата беа во висина од 1,2 милијарди евра. Со нив се помогна да се зголеми потрошувачката и развојот на домашните економски дејности, се поддржаа компаниите за да се сочуваат и отворат нови работни места. Во економските пакети се помогнаа и земјоделците, а директно помош добија и лицата без работа, спортистите, уметниците и туристичкиот сектор.

Сите овие мерки беа позитивно оценети од меѓународните финансиски организации, а Светска банка потврди дека владините мерки ги ублажија негативните ефекти од кризата и беше нагласено дека заедничката соработка во однос на предлог-мерките согласно светските искуства и преземената акција, особено во делот на субвенционирање на платите, резултираа со зачувување на работните места во микро, малите и средните претпријатија.

За справување со енергетската и економската криза, уште во март, Владата донесе 26 антикризни мерки вредни околу 400 милиони евра наменети за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите. Со овие мерки граѓаните добија директна поддршка преку намалување на ДДВ за прехранбените производи од 5 на 0 отсто, замрзнување на маржите на основните производи за исхрана, а најранливите категории на грааѓни добија и ваучери.

Владата исто така продолжи и да ги субвенционира цените на електричната и топлинската енергија. Владата субвенционира 80 отсто од смеките за електрична енергија за сите 600 илјади домаќинства и преку 72 илјади мали потрошувачи. Без оваа субвенција граѓаните би плаќале пет пати повисоки сметки за струја.

Освен субвенции за струјата на регулираниот пазар, Владата обезбеди струја од 80 евра по мегават час за фирмите кои произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија. Со оваа мерка, производителите на основните прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја што крајно ќе влијае и на стабилизирањето на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании. Од Владата најавија дека очекуваат намалување на цените на основните производи до 10 отсто.

Во октомври, Владата донесе нов сет антикризни мерки, со вредност од околу 360 милиони евра со кои продолжи програмата за енергетска сиромаштија со која директно се помагаат четири илјади семејства и се обезбедуваат намалени сметки за електрична енергија или финансиски средства за друг огревен материјал што го користат.

Со овој пакет мерки, исто така, е предвидена и финансиска помош за најранливите категории на граѓани и пензионерите. Тие во наредниве четири месеци ќе добиваат финансиска поддршка со цел полесно полесно справување со растот на цените.

Со мерките на Владата помош ќе добијат над 200 илјади граѓани, а според Светска банка овој антикризен пакет е најголем во регионот, донесен низ консултации со сите засегнати страни со кој директна помош добиваат најранливите категории на граѓани.

Сепак ни креирањето мерки, пофалени и потврдени од меѓународните економски организации не поминува без постојано блокирање од страна на опозицијата. Се блокираа и одложуваа економските пакети во време на пандемијата, а опозицијата продолжува и со блокирање на законските измени со кои би се реализирале антикризните мерки сега.

Пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица веќе подолго време не учествуваат на состаноците за координација во Собранието, но од владејачкото мнозинство најавуваат дека се вложуваат дополнителни напори и комуникација по други основи за да се поттикне учеството на народните избраници на опозицијата во расправата и донесувањето на законите од интерес на граѓаните и општеството.

За гласање и деблокада на антикризните мерки повикуваат и бизнисите, кои нагласуваат дека очекуваат антикризните мерки да го стабилизираат ценовниот удар на енергенсите.

„За да се одржат домашната економија и конкурентноста на домашните производи и услуги, и дома и во странство, но и за да ги зачуваат работните места, компаниите ја очекуваат поддршката од Владата, која Собранието треба да ја изгласа што поскоро“ изјави Антони Пешев, извршниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025
Фото: Бела Куќа

САД и Саудиска Арабија потпишаа договор за продажба на воена опрема вреден 142 милијарди долари

May 13, 2025

Рубио ќе биде претставник од САД на разговорите в четврток во Турција меѓу Украина и Русија

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk