ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

АСО додели награда за најдобар истражувачки труд од областа за управување со ризици во осигурувањето

November 4, 2022 10:29
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) додели награда за најдобар истражувачки труд на млад научник на тема од областа на управување со ризици во осигурувањето. Наградата на младиот научник Филип Пеовски, асистент на Катедрата по математика и статистика на Економскиот факултет при УКИМ му ја додели Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на АСО.

Плакетата на Пеовски му беше доделена по повод одбележувањето на Националниот ден на осигурувањето – 1 ноември, а за трудот кој е избран за победник предвидена е годишна награда во износ од 80.000 денари.

„Трудот „Предвидување на осигурителните премии и штети во Северна Македонија: Постапка на експоненцијално израмнување“ на Филип Пеовски претставува сериозна и методолошки одлично конципирана истражувачка тема, а воедно и пионерски обид за воведување на метод на предвидување на движење на главните трендови во осигурителниот сектор во земјата, со крајна цел да го унапреди корпоративното управување на друштвата за осигурување, во делот на деловното планирање и поставување на рационални очекувања“ велат од АСО.

Авторот на трудот, додаваат, преку постапка за експоненцијално израмнување анализира трендови на бруто полисираната премија и бруто исплатените штети, во период од 10 години (2012 – 2022 година).

„Овој метод за предвидување е најефикасен кога сезонската и тренд компонентата се менуваат со текот на времето и е карактеристичен по тоа што им дава различна важност на опсервациите на временската серија. Тоа се постигнува со користење на константи за порамнување, кои ја одредуваат важноста на опсервациите преку доделување на тежински фактор. Авторот тоа го применува со вклучување на ефектите од пандемијата Ковид-19“прецизираат од АСО

Трудот, како што велат, прави сублимат на наодите на концизен, јасен и системски начин. Во заклучокот се констатира дека со цел успешно интегрирање на методот на временски серии во деловната анализа, друштвата за осигурување треба да се ориентираат кон користење на обработка на големи податоци и машинско учење. Овој пристап, без сомнение ќе придонесе за подобри перформанси, поголема оптимизација, конкурентска предност и подобри очекувања за иднината.

Целта на конкурсот за истражувачки труд на млад научник на тема од областа на управување со ризици во осигурувањето е да послужи како стимулација со која би придонела за зголемување на бројот и квалитетот на применетите научни трудови од областа на управување со ризици и осигурување во земјава, а за трудот кој е избран за победник предвидена е годишна награда во износ од 80.000 денари. Ова е 12-ти по ред конкурс што го распишува Агенцијата за супервизија на осигурување.

Next Post

Ковачевски: Први во регионот насочивме 5% од буџетот кон антикризни мерки

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk