ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Без правни последици по премиерката на Финска заради нејзиното „контроверзно“ однесување

November 4, 2022 16:12
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното финско тело надлежно за правни работи одлучи да нема последици по премиерката Сана Марин по однос забелешките на нејзиното однесување.

Главниот секретар за правда – официјалниот орган во Финска овластен да ги ревидира законитоста во постапките на членовите на Владата, денеска соопшти дека „не гледа причина за сомнеж за незаконско однесување на премиерката или за занемарување на нејзините службени должности“.

До секретарот беа доставени десетици поплаки во врска во видео-снимката од август годинава на која се гледа 36-годишната Сана Марин како танцува и се забавува со пријатели и познати личности, објавена преку социјалните мрежи.

Снимката покрена прашања за однесувањето на официјалните личности во приватниот живот, со осуди, особено по однос однесувањето на жените на раководни државни функции.

Критиките за најмладата премиерка одеа дотаму што беше изразен сомнеж за нејзината  способност да раководи, како и забелешки дека нејзиното однесување наштетува на „угледот и безбедноста” на државата.

Финскиот секретар за правда, сепак, цени дека ниту една од забелешките не докажува повреда на „специфичните функции“. Според него, за да биде покрената официјална истрага по жалбите за приватниот живот на Сана Марин, истите треба да имаат „правна врска со нејзините постапки како премиер“.

Според неговите зборови, „моралните и социјалните аспекти” од приватниот живот на член на финската Влада се во надлежност на Парламентот.

Во обид да отфрли дел од сомнежите инциирани од видеото, Сана Марин дури направи тест за дрога чиј резултати беше негативен. Неколку дена подоцна случајот повторно се разгоре кога беше објавена фотографија на две жени со подигнати блузи на свечен настан одржан во владината резиденција, за што премиерката повторно беше приморана да се извинува.

Младата политичарка се најде на удар на критики и минатата година кога се дозна дека посетила ноќен клуб, пред да биде известена дека била во контакт со лице заразено со коронавирус.

Сана Марин е премиерка на Финска од 2019 година и ќе се бори за втор мандат на изборите закажани за април следната година.

Next Post

Швајцарија и забрани на Германија да испраќа швајцарска муниција во Украина

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk