Се уште нема конечен став на ВМРО-ДПМНЕ за средбата во понеделник за којашто сметам дека е најпотребна во денешно време, рече потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето на Сител телевизија. Според неа добар чекор е што премиерот Ковачевски испратил покана до сите субјекти.
Таа смета дека ќе надвладее разумот и секој сериозен лидер и сериозна партија треба да биде дел од дебатата во понеделник.







