ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ потпиша Меморандум за соработка со СЕЦО, со швајцарска поддршка ќе се зајакнува макроекономското планирање и управување

November 4, 2022 10:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Преку Меморандум за разбирање меѓу Министерството за финансии на РС Македонија и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕЦО) се воспоставува соработка во полето на макроекономското планирање и управување.

Меморандумот за соработка за спроведување на Проектот за макроекономско планирање и управување во РС Македонија денеска го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими и амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман.

На средбата, како што соопшти Министерството за финансии, Бесими истакнал дека Министерството прави значајни напори за реформи во јавните финансии и дека поддршката од Швајцарија е значајна во спроведување на тие реформи.

Во рамките на овој проект, преку спроведување на првиот модул, Министерството за финансии ќе може да постави рамка за макроекономско планирање, концепт кој ќе овозможи кохерентни анализи на податоци, предвидувања и планирање на политики. Глобалниот проект се базира на инструментот на ММФ за финансиско програмирање и планирање, а ќе се спроведува преку модуларен пристап. Имплементацијата на проектот е поддржана од експерти од Implementing Consortium formed of Ecorys и OGResearch.

Швајцарската Влада во рамки на Програмата за државен долг и управување со ризици, дава целосна поддршка на активностите спроведени од страна на Министерството за финансии во насока на подобрување на процесот на управување со јавните финансии преку финансирање проектни активности, коишто ќе бидат имплементирани со техничка поддршка од ММФ и СБ.

Инаку, велат од МФ, двете земји уживаат активна соработка и во даночната сфера. Минатата година беше потпишан Протоколот за усогласување на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Швајцарија за одбегнување на двојното оданочување согласно новата даночна конвенција на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и стандардите на БЕПС.

Со Протоколот се зајакнуваат постојните одредби за одбегнување на двојното оданочување за данокот на доход и данокот на капитал помеѓу двете земји по однос на размена на информации за даночни цели, со што се овозможува поголема даночна транспарентност и фер даночен третман.

Next Post

АСО додели награда за најдобар истражувачки труд од областа за управување со ризици во осигурувањето

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk