ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворање на сензорна соба во ООУ „Хасан Приштина”, Чаир во Скопје

November 4, 2022 13:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денес, ООУ „Хасан Приштина“ – Чаир располага со сензорна соба опремена со мноштво на дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема. Оваа активност е спроведена како дел од Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија и претставува уште една активност во насока на подобрување на инклузивноста на основните училишта во државата.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ има за цел да придонесе кон суштинско вклучување на учениците со попреченост во редовните училишта. Овој проект го спроведуваат Фондацијата „Чекор по чекор“, заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, а се реализира вo соработка со Министерството за образование и наука.

„Како дел од овој проект доделуваме стипендии на учениците со попреченост, ги поддржуваме наставниците, инклузивните тимови и образовните асистенти преку обуки за професионален развој, обезбедуваме туторска поддршка за нашите стипендисти, а работиме и на подобрување на пристапноста и инклузивноста на училиштата. Во таа насока е и оваа денешна активност, опремување на сензорна соба, која ќе придонесе секое дете да има право на квалитетно образование.“, истакна Адем Идризи од Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“.

Оваа сензорна соба претставува специјално опремена просторија со цел да се даде поддршка на учениците со и без попреченост во совладување на образовните цели. Во ООУ „Хасан Приштина“ – Чаир учат повеќе од 1100 ученици, од кои 22 ученици со попреченост ќе имаат директен бенефит од сензорната соба.

„Општина Чаир се застапува да ги подобри условите за учење на сите деца во општинските училишта преку континуирано инвестирање во училиштата, подобрување на пристапноста до и во училиштата, пронаоѓање начини за подобрување на подготвеноста на наставниот кадар и обезбедување на услови за инклузивно образование. Изразуваме благодарност до донаторот, Европската Унија, и до Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ заради тоа што од денес децата со атипичен и типичен развој во овој простор со поддршка на стручната служба ќе имаат можност да работат на постигнување на својот образовен потенцијал.“, изјави секретарот на општина Чаир, Фарук Невзади.

Директорката на ООУ„Хасан Приштина“ – Чаир, Есма Фазлија, истакна дека оваа сензорна соба е опремена со елементи кои се од голема корист за учениците со интелектуална попреченост, со комбинирани пречки, учениците од аутистичниот спактар, со АДХД,  и др. и претставува чекор напред во градење на инклузивна клима во училиштето.

 

Next Post

Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани добива целосно нов изглед, инвестирани над 26 милиони денари

НАЈНОВО

Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

October 30, 2025
Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk