ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски: Владата функционира и се справува со кризата, опозицијата блокира и е во ќорсокак

November 9, 2022 11:58
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски, на денешната прес-конференција во Влада, истакна дека не е во ќорсокак ниту државата, ниту граѓаните, ниту Владата, единствен кој што е во ќорсокак е опозицијата, затоа што Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза.

„Вие знаете дека на почетокот на оваа енергетска криза прво му дадовме задача на ЕСМ да го зголеми производството за 20% од минатата година, ЕСМ тоа и го оствари и производството на ЕСМ е зголемено за 25% и не само толку, туку за неколку проценти над тоа и доколку ги погледнете бројките кои редовно се објавуваат на сајтот и на ЕСМ, се објавуваат и кај мене на мојата страна, се објавуваат и преку соопштенија и на Владата и на ЕСМ, тогаш забележувате дека на регулираниот пазар, на сите мали потрошувачи и на сите домаќинства се задоволени потребите за електрична енергија 100 процентно од ЕСМ. Притоа иако заради тоа што ЕСМ работи со многу стара технологија, со РЕК Битола, Осломеј, ТЕЦ Неготино кои што навистина се од времето на Југославија во случај на испад на некој од тие капацитети, на некој од блоковите или на некој од централите, треба да се направи и увоз на електрична енергија заради исполнувањето на планот на производство.  До сега во текот на изминатите неколку месеци увоз на електрична енергија за регулираниот пазар немаше. Тоа значи дека она што Владата го постави како план, тоа и го остварува“, рече премиерот Ковачевски и додаде дека досега ние немавме ниту еден ден без електрична енергија во државата, иако во регионот имаше држави кои што имаа по 6 часа рестрикции во текот на денот.

Во делот на топлинската енергија, подвлече премиерот Ковачевски, исто како и минатата грејна сезона со оглед на тоа дека опозицијата на државно ниво, а која што е власт на локално ниво и во градот Скопје одби да управува со затоплувањето на граѓаните на град Скопје, истото тоа го направи Владата.

„Како што кажавме дека ќе бидеме први во регионот кои што ќе ја започнат грејната сезона, тоа и го направивме. Гледате дека радијаторите во градот Скопје се топли со цена на топлинска енергија која што исто така е субвенционирана од страна на државата. Што се однесува до кредитот од 100 милиони евра, тој кредит е обезбеден по најдобри можни услови кои што можат да се најдат во моментов на финансиските пазари. За нас врз основа на одличната соработка која што ја имаме и со Европската банка, меѓутоа и со другите банки беше обезбеден кредит само со ниво на ЛИБОР каматна стапка и тој кредит беше блокиран во Собранието од страна на опозицијата. Јас информирав и на лидерската средба и неколку дена пред тоа и на седница на Влада, министерот за финансии  информираше дека заради неодговорното однесување на опозицијата тие финансиски средства бидејќи стоеја на сметката на банката, веќе ги имаат пренаменето за други намени со што на нашата земја и се ускрати од страна на опозицијата да користи исклучително поволни финансиски средства“, рече Ковачевски и додаде дека причината која што ја наведува опозицијата апсолутно е бидејќи наведуваат дека согласно со националната стратегија за енергетика која што е важечка треба сукцесивно да се затвораат капацитети за производство на електрична енергија од лигнит и јаглен какви што национални стратегии за енергетика имаат сите европски држави.

Премиерот Ковачевски рече дека тоа е дел од зелениот договор и од стратегијата на ЕУ, но тие национални стратегии се правени во време кога немаше војна во Украина и кога немаше енергетска и економска криза.

„Затоа со писмо од министерот за економија кое што исто така е наведено и во документите кои се доставени во Собранието е јасно наведено дека и РЕК Битола и Осломеј и ТЕЦ Неготино ќе бидат дел од ревидирана Национална стратегија која што Владата веднаш ќе почне да ја подготвува заедно со експерти. Во истата како и во сите други држави во Европа работниот век и користењето на овие капацитети ќе биде продолжен“, рече Ковачевски.

Next Post

Зеленски: Околу четири милиони Украинци се без електрична енергија

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk