Рускиот канал „Маш“ на Телеграм, шири лажни информации дека Украина добила конзервирана крв за вооружените сили на Украина од земјите членки на НАТО, а во крвта наводно се пронајдени ХИВ и хепатитис, пишува Дмитро Бадрак, пренесува Укринформ.
Каналот тврди дека добил електронска верзија на писмото од министерот за здравство на Украина Виктор Лиашко до премиерот Денис Шмигал од хакерите на групата Комбатант, во кое наводно било наведено дека Министерството за здравство побарало 62.000 литри крв од земјите-членки на НАТО за ранетите во регионите Одеса, Миколаив, Дњепропетровск, Харкив и Запорижја, но во крвта се пронајдени ХИВ и хепатитис.
Во писмото се наведува дека украинските експерти од Министерството за здравство селективно ја анализирале крвта што им била дадена во јули-октомври 2022 година. Во примероците од првата група, тие откриле 6,3% од примероците со ХИВ, 7,4% со хепатитис Б и 3,2 % со хепатитис Ц. Во втората група, тие откриле 5,9%, 6,8% и 3,1% соодветно.
Ваквите информации се покажаа како уште една лажна вест која Министерството за здравство на Украина официјално ја демантираше. Поентата е дека за време на војната Украина никогаш не добила донаторска крв од странски партнери. Според Министерството за здравство, државата изградила национална служба за крв која работи според европските стандарди и им овозможува на пациентите да добиваат висококвалитетни и безбедни компоненти од донаторска крв.
Од почетокот на војната, граѓаните на Украина со сигурност обезбедија „донаторски фронт“, а планираната донација ги поддржува резервите на крв. Министерството за здравство истакна дека доколку има итна потреба од залихи во центрите за крв, луѓето активно одговараат на барањата и ги затвораат таквите потреби во рок од неколку часа.
Покрај тоа, беше забележано дека Украина не врши случајни проверки – крвта и компонентите се тестираат во лаборатории, а пациентите добиваат само безбеден производ.
Конечно, Министерството за здравство на Украина истакна дека писмото објавено од каналот „Маш“ на Телеграм, не ги исполнува условите за издавање официјални документи во Украина.
Министерството за здравство потсети и дека во Украина е во тек иницијативата „Твојата крв може да се бори. Стани донатор“. Целта е не само да го поттикне дарувањето крв, туку и да формира постојан регистар на потенцијални дарители кои, доколку е потребно, можат да ги надополнат резервите на крв, да им помогнат на украинските пациенти и да ги поддржат одбранбените способности на земјата.
Рускиот информативен сајт Mash е дел од холдингот News Media, кој бил тесно поврзана со државата во различни години од неговото постоење.
Подготви: Ј. Ѓ.