ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Стојановски: Индустријата на дезинформации има различни извори, дел од нив се поврзани со странски влијанија од Русија

November 11, 2022 12:30
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Војната во Украина ги активираше странските влијанија, особено оние од Русија и дезинформациите кои доаѓаат оттаму, изјави Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис во дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ21, пренесува Вистиномер.

Како дел од дезинформациите, Стојановски ги посочи вестите со наводно постоење биолошки лаборатории, како и со „нацистите“ кои ја воделе Украина.

Оваа војна што се случува сега во Украина не се случи одеднаш, тој терен е подготвуван со години, може да се каже и со децении. Целата индустрија на дезинформации која што постои има различни извори, а дел од нив се поврзани со странски влијанија, особено од Русија, која отворено беше активирана за да ги промовира целите на Кремљ, истакна Стојановски.

Стојановски додаде дека дел од наративите кои ги промовираше Русија беа присутни и во медиумите, на Интернет и меѓу граѓаните во земјава и дека целта на дезинформациите не беше само да се добие поддршка за војната, туку и да се предизвика страв кај граѓаните кои не би ја поддржале агресијата во Украина.

Некои од тие теми беа пренесување на руската пропаганда, почнувајќи од користење на терминологијата дека не станува збор за војна, дека е специјална операција, потоа разни дезинформации за Зеленски и негово претставување – од „ѓавол“ до сѐ друго што не е. Доста популарна беше и теоријата на заговор дека има некакви биолошки лаборатории и дека нацисти ја водат Украина, рече Стојановски.

Комуникологот Бојан Кордалов во емисијата истакна дека војната се води на два фронта – на воениот и на информациско-дезинформацискиот.

Веќе треба да ни стане јасно дека во услови на војна не може да се прави баланс и во време кога паѓаат бомби и гранати не треба да се бара средината, туку треба да се избере страната која сметаме дека е исправна, рече Кордалов,

Тој напомена дека Македонија е земја-членка на НАТО и како таква, не само што има одбрано страна, туку учествува и во носењето одлуки во алијансата.

Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Младен Чадиковски посочи дека, без разлика какви закони се носат, невозможно е да се контролираат објавите на Интернет и дека поради ниското ниво на медиумска писменост во земјава граѓаните лесно ги консумираат дезинформациите.

Имате еден тип ненамерно неодговорно новинарство коешто е во борба за кликови и во такви услови многу лесно се ставаат наслови кои предизвикуваат чувства кај луѓето, а можат да бидат, и најчесто се, лажни или полувистинити вести. Вториот тип се намерно креирани содржини преку намерно креирани медиумски и не медиумски групации. Најчесто тоа не се портали поставени за да создаваат вести и информации, туку за да креираат недоверба во општеството со цел намалување на довербата во функционирањето на целиот систем и, на крајот, намалување на довербата во медиумите, посочи Чадиковски.

Чадиковски истакна дека, според истражувањата, главни ширачи на лажни вести се политичарите и државите.

Така е и со војната во Украина, но така е и во локални контексти каде главните ширачи на дезинформации и лажни вести се политичарите. Видете како се пренесуваат изјави од пратеници, политичари, од некои лица кои со леснотија кажуваат лага, а потоа тоа го пренесуваат медиумите. Тука е проблемот на медиумите што можеби недоволно и не секогаш ќе ја проверат секоја вест и секоја изјава, рече Чадиковски.

Стојановски од Фондацијата Метаморфозис подвлече дека во земјава во пораст се и онлајн измамите.

Во последно време има пораст на онлајн измами. Тоа е исто форма на дезинформација, којашто не е политичка, туку комерцијална. Но, често, истите извори кои се бават со еден тип дезинформации, шират и други заради реклами и заради влијание, посочи Стојановски.

Тој додаде дека е важно целото општество да се мобилизира за да се соочи со овој проблем.

 

Next Post

Средба за вмрежување со културните аташеа на земјите-членки на ЕУ во Спомен-куќата на Лазар Личеноски

Shortcut

Најново

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026
Ai Background Stock photos by Vecteezy

Во што се состои Актот за вештачка интелигенција на ЕУ? (ИНФОГРАФИК / ЦИВИЛ)

August 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk