ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ковачевски: Најголемата поддршка за бугарските клубови пристигна од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

November 13, 2022 14:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, премиерот Ковачевски, на новинарско прашање за иницијативата од министерот за надворешни работи Бујар Османи законските измени да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија изјави дека на седница на Влада ќе се разгледаат сите аспекти на Законот за здруженија на граѓани донесен едногласно од пратениците и откако ќе се види дискусијата за кои делови  треба да се направи разгледување тогаш може да се донесе одлука.

Ковачевски  потенцира дека изгласаните законски измени се во сила и со оглед на тоа што пратениците едногласно ги донеле, тој закон ќе се применува во државата, а како што вели, не би го испраќал на разгледување во Венецијанската комисија најавениот целосно нов закон за здруженија.

Во коментар на ставот на Османи дека Бугарија води активна кампања во меѓународните институции  против Законот за здруженија и на тамошните пораки дека ќе застанат на страната на бугарските клубови, Ковачевски  оцени дека најголемата поддршка за бугарските клубови во државава пристигнала од претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Најголема поддршка на бугарските клубови во Македонија стигна од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ којшто кажа дека е континуитет на Ванчо Михајлов, а протестите во  Битола беа против клубот Ванчо Михајлов, така што не треба  да доаѓа поддршка од Бугарија, поддршката дојде тука од претседателот на најголемата опозициска партија исто како  што претпроставува дека отворањето дошло од таа партија и сето оа што ни се случуваше при палењето на вратат итн. дека дошо исто така од таа партија со оглед на тоа гледаме кој настапува на нивни настани, изјави Ковачевски, по посетата на обновениот објект на Полициската станица Гази Баба.

Тој повтори дека за него не е спорно нашите закони да бидат проверени од европските институции, како и дека треба да има нов закон за здруженија на граѓани, но нагласи дека не смета оти тој закон и сите други повзрани со односите со Бугарија треба да се испратат на разгледување во Венецијанската комисија.

-Во однос на  Венецијанската комисија ние сме држава којашто има изградени висок демократски капацитет во заштитата на човековите права, кај нас може секој граѓанин да се органзиира слободно  или во невладино здружение или во кој било друг вид  на здружување согласно со законите. За мене воопшто не е спорно нашите закони да  бидат проверени од страна на европски институции  особено имајќи го во пердвид фактот дека неделава веќе го започнавме билатералниот скрининг со Европската унја,  каде што и нашето законодавство и спроведувањето на законодавството во детали ќе биде разгледано од страна на Европската  комисија  како дел од преговарачкиот процес и нормално е дека таму ќе бидат дадени одредени насоки од страна на ЕУ, изјави Ковачевски.

Уште стои на ставот дека треба да се изработи нов закон за здруженија од страна на Министерството за правда во којшто ќе учествуваат сите политички партии и експерти и каде што како основа ќе се земе германското зкаонодавство.

Прашан дали ќе го послуша министерот Османи и во најскоро време ќе одржат владина седница на која законот за здруженија и донесените измени ќе ги испратат во Венецијанската комисија, потенцираше дека никој никого не мора да слуша и оти за односи со Венецијанската комисија е задолжено Министерството за правда.

-На седница на Влада ќе ги разгледаме сите аспекти на Законот за здруженија на граѓани којшто беше донесен едногласно  од сите пратеници и откако ќе се види дискусијата во однос на кои делови треба да се направи  разгледување на тој закон тогаш можеме и а донесеме одлука. Во моментов тој закон е во сила во државата и со оглед на тоа што нашите пратеници едногласно сите го донеле тој закон ќе се применува  во државата. Тоа го кажав и во присуство на бугарскиот премиер на почетокот на изградбата на пругата кон Бугарија, дека македонските институции носат закони за Северна Македонија, а бугарските за Бугарија, рече Ковачевски.

Во однос на тоа дали новиот закон кој е во најава, а во иднина и сите други закони посебно што се однесуваат на односите со Бугарија ќе одат на анализа и мислење во Венецијанската комисија рече дека не би го пратиле новиот закон, и оти тоа не било пракса досега.

– Не, па така не било ниту досега. Ние имаме закони кои се носат секојдневно во нашето Собрание, освен оние што ги блокира опозицијата и не може да се донесат а се значајни за граѓаните, меѓутоа нема закони коишто заради таква причина оделе на разгледување во Венецијанската комисија. Нашето зкаонодавство 45 проценти е веќе усогалсено  со законодавството на ЕУ и останува само низ преговорите со ЕУ да биде усогласено  целото законодавство на државата, изјави Ковачевски.

Next Post

На заедничката владина седница со Албанија ќе бидат потпишани повеќе меморандуми и одлуки за соработка

Shortcut

Најново

Тага за сѐ што е живо

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk