ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

(ВИДЕО) По експлозијата, Истанбул е полн со полицајци, Ердоган се сомнева на терористички напад

November 13, 2022 21:27
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата и специјалните сили вооружени патролираат низ целиот град, по денешната експлозија на популарната авенија Истиклал во центарот на Истанбул во која загинаа најмалку шест лица, а најмалку 81 беа повредени.

Улицата во моментот на експлозијата била полна со туристи и локални жители.

Затворен е и дел од јавниот превоз. Коментирајќи ја денешната експлозија, турскиот претседател  Реџеп Тајип Ердоган изјави дека првите информации укажуваат на терористички напад.

Иако веднаш по експлозијата почнаа да се шират гласини дека бомбаш-самоубиец е одговорен за експлозијата, според последните неофицијални информации експлодирала чанта оставена на авенијата Истиклал. На социјалните мрежи кружи и фотографија на која се гледа жена која носи црн ранец и има сомнеж дека таа го носи експлозивот.

Ердоган додаде дека денешната експлозија во Истанбул, според првичните информации што ги добил од гувернерот, би можела да биде терористички чин.

Потпретседателот Фуат Октај рече дека обвинителите се на терен и дека истрагата се уште е во тек.

„Кој стои зад овој напад ќе биде уапсен и казнет. Ова веќе не е старата Турција и тоа треба сите да го знаат. Овој инцидент ќе го решиме многу брзо, кој и да стои зад него ќе одговара“, рече потпретседателот.

Во обраќањето во живо, Ердоган  рече дека се чувствува мирис на ужас, но официјално не објави што ја предизвика страшната експлозија која однесе многу животи. Како што рече, првичните индиции укажуваат на терористички напад во кој учествувала жена, односно дека имала значајна улога во злосторството, пишува Хабертурк.

Ердоган посочи и дека народот треба да биде сигурен дека сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

 

Next Post

Во Скопје заедничка владина седница на Северна Македонија и на Албанија

Најново

Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026
Брифинг на Венка Филипче

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

April 27, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис (27 април): Активирање на продуктивноста и аналитичкиот ум

April 26, 2026

Од печат излезе „Амбиент“ – книга осма на Зоран Иванов

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk