ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Колоски: Исходот од конгресните избори нема да има голема промена за македонската заедница во САД

November 14, 2022 11:24
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Со изборната победа во Невада, демократите ја задржаа контролата над американскиот Сенат, бидејќи стигнаа до потребните 50 сенаторски места. Републиканската партија, од друга страна, забележа слаби резултати на конгресните избори. Партијата се надеваше дека „црвен бран“ ќе ја зафати САД и дека контролата на горниот дом на Конгресот (Сенатот) ќе падне во нивни раце. Според нив, губењето на Сенатот фрли сомнежи врз тековната доминација на Трамп врз партијата. Истакнати републикански фигури отворено апелираа до Трамп да не објавува кандидатура за претседателските избори во 2024 година, која тој се очекува да ја најави во текот на следната недела.

Атмосферата во САД е поделена. Голема поларизација има во општеството, поделеноста по партии и симпатии. Само што слушнавме на вестите дека демократите заклучија уште една победа во Невада, што значи демократите имаат 50 седишта во Сенатот од 100, вели во изјава за „Локално“ Методија Колоски, претседателот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) за конгресните избори во САД.

Тој информира дека на 6-ти декември ќе има повторно избори во државата Џорџија и тогаш ќе се знае дали демократите ќе добијат уште едно седиште или ќе останат на 50.

Сенатот е многу битен за било кој претседател, поради тоа што одлучува за судии и амбасадорски места. Претставничкиот дом моментално изгледа ќе биде Републиканско мнозинство, но ќе биде помало од тоа што беше очекувано, и веќе има доста внатрепартиски несогласувања околу кој ќе ја замени Нанси Пелоси, но мислам ќе биде Кевин МакКарти. Агендата на Бајден ќе продолжи барем во Сенатот и не гледам голема конкуренција, порачува Колоски.

Според него, исходот од конгресните избори нема да има голема промена за македонската заедница во САД.

Сите што се членови на групата за пријателство со Македонија и македонско-американската заедница што се кандидираа за реизбор, освен еден конгресмен, добија повторно на изборите. Добро е што главната на грчкото лоби од 1994 година, Каролин Малони нема да биде во Конгрес од 3-ти јануари кога ќе има нов состав, оценува Колоски.

Тој не смета дека овие избори значат враќање на голема врата на поранешниот претседатрл на САД, Доналд Трамп.

Далеку. Скоро сите кандидати што беа поддржани од Трамп изгубија. Ќе видиме на 6ти декември дали неговиот кандидат ќе добие во Џорџија. Во Флорида Гувернерот Рон ДеСантис доби на големо, и тој е конкуренција на Трамп за претседателските избори во 2024, потенцира Колоски.

Извор: Локално

 

Next Post

Ковачевски-Рама: Северна Македонија и Албанија имаат заедничка цел за брза европска интеграција

Shortcut

Најново

Мислете му ја!

November 17, 2026
Фото: Скриншот од Youtube/Google DeepMind

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk