РИБАРО
Мицко: Шефе не знам што да правам? Помагај ако за бога знаеш?! Како сум се заглавил со Ванчо Михајлов кој е наш претседател, чиј континуитет ние, нели, си го почитуваме и си се гордееме со тоа. Е, ама ова комуњариве не разбираат континуитет и ме спружија.
Ова е дел од телефонскиот разговор помеѓу Мицкоски и Груевски, што екипата на АХА го доби од вмровски извори во белата палата.
Грујо: Мицко, види, угурсузе еден, нема што да се вадиш, Ванчо си е наш ние сме си Ванчови. Не знам што бараш точно да ти одговорам? Вмрото си е наше. Нели ние тоа врховистичкото си го рехабилитиравме со Ванчета со Тодор Александров, со Радев, со поклонување на Антоњо наш на контраверзни бугарски историски ликови, со вадење на бугарски пасоши на пола наше раководство…
Мицко: Па што знам јас, некако ако може да го смениме континуитетот, сега, наменски, па пак потоа да си продолжиме да продаваме ветар во магла и да си се шлепаме на патриотска пропаганда? Мора да има некоја фринџ финта за промена на временски тајмлајн, што ти ја знаеш.
Грујо: Мицко, ја знаеш ли песнана „Иди сиџи до реке и утопи се, немој мене да давиш…“?
Да смениме континуитет бараш?
Бог да чува си човече!
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK