ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Алиу: Врската помеѓу компаниите и училиштата игра голема улога во развојот на индустријата

November 15, 2022 12:16
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

– Инвестирањето во образованието е приоритет на секоја држава. Државите кои не преземаат смели и радикални чекори во областа на едукација и остручување на младите се осудени на стагнација и пропаст. Уверен сум дека чекорите кои ние како држава ги преземаме можат да придонесат за развој не само на општеството туку и на поединецот.

Ова го истакна заменик министерот за образование и наука Лулзум Алиу на средбата организирана од делегацијата на германското стопанство во земјава, чија цел е поврзување на компании добавувачи од Северна Македонија со компании купувачи од Германија, Грција, Турција и Австрија.

– Нема да застанеме тука, туку ќе продолжиме да го реформираме образованието со единствена цел, нашите ученици да се стекнат со вештини и знаења потребни на пазарот на трудот за да бидат конкурентни не само во земјата во која се образувале, туку и на светско ниво. Верувам дека со заеднички сили, сите ние кои сме вклучени во овие реформи ќе успееме да ја подобриме и зајакнеме соработката помеѓу образованието и јавниот сектор, за доброто на сите нас, изјави Алиу, заблагодарувајќи се на делегацијата на германското стопанство со чија помош пред пет години беше започнат процесот на воведување на програмата за дуални паралелки во стручното образование.

Морам да истакнам, потенцираше заменик министерот, дека фокусот на реформите во средното образование, во последниве неколку години е ставен врз стручното образование, односно креирање наставни планови и програми согласно потребите на компаниите и пазарот на трудот.

Проширувањето на концептот на дуално образование и зголемување на бројот на новоотворени паралелки се покажува како ефикасен и ефективен, затоа што учењето директно на работно место во компанија, овозможува стекнување на практично применливи знаења и вештини и создавање на добро подготвена работна сила за настап на пазарот на труд веднаш по завршување на средното образование, но и добро подготвени млади за продолжување во високо образование.

– Бројот на запишани ученици и компании кои учествуваат во дуалното образование, покажуваат дека се зголемува интересот кај двете страни. Освен привлечните струки и програми кои се нудат во стручните училишта, не смее да ја изоставиме и помошта од државата во вид на стипендии кои ги доделува МОН на учениците запишани на техничките и стручни струки во средните училишта, изјави Алиу.

На средбата беа доделени и сертификати за квалитет на првата генерација од профилот техничар за индустриска мехатроника, образование по германски стандарди.

Next Post

Амбасадорката Дир се заблагодари за македонската поддршка на Украина со гласањето „ЗА“ на Резолуцијата на Генералното собрание на ОН

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Временско ЕХО – 31 октомври

October 31, 2025
Фото: МВР Србија

Масовен студентски марш кон Нови Сад, една година без одговорност за падот на настрешницата

October 31, 2025

Утре гласаат болните, в недела втор круг локални избори во 32 општини и Градот Скопје

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk