ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОН: Потребите на студентите остануваат наш приоритет

November 15, 2022 14:45
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„И во услови на светска криза, за МОН и Владата потребите на студентите се приоритет. По вчерашната средба на која министерот за образование и наука Јетон Шаќири заедно со премиерот Димитар Ковачевски ги примија студентските претставници во Собрание за да ги слушнат потребите на студентите, од денеска МОН започнува активна комуникација со претставници на студентските унии со кои ќе се работи на заедничко изнаоѓање системски решенија за посочените предизвици“ известија од министерството.

-Вчера на заедничка маса ги ставивме барањата, предлозите и можностите, со што покажавме дека вратите на Собранието и другите институции се секогаш отворени за соработка, а ние, како претставници на тие институциите во нашата демократска земја сме секогаш достапни за заедничко креирање на политиките. Јас ќе бидам во постојана комуникација со работната група и тие ќе бидат дел од тимот со кој ќе работиме заедно – и за системското решение, и за подобри услови, и за сите други проблеми што ги имаат студентите. Одржана е средба на која е одлучено додека во меѓувреме се работи на креирање системски и трајни решенија, Студентскиот оброк по цена од 120 денари дневно ќе се исплаќа ретроактивно до март, посочува министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

По тричасовната средба на министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на Владата Димитар Ковачевски со студентските претставници одлучено е да се предложи нов Предлог – закон во кој ќе влезат условите од постојниот закон од 2021.

-Предлог-законот ќе биде во временски период од шест месеци, што значи ретроактивно од 15 септември и ќе продолжи до март и дотогаш ние ќе имаме временски рок на усогласување за новото системско решение кое ќе значи дека студентите ќе добиваат здрав студентски оброк и ќе се реализира исплатата на дневна основа. Во овој период се договоривме ретроактивно за вредноста што беше досега, со измените од 2021 година, а во наредниот период со системското решение сумата ќе биде повисока. Значи од март ќе биде повисока и тоа почнувајќи од 140 денари или според тоа какви ќе ни бидат анализите до тој период, вели министерот Шаќири.

-На овој начин, ние како Министерство заедно со Владата само уште повеќе ја прошируваме праксата на заедничка соработка во креирањето на политиките.

Нема да биде дозволено носење на одлуки во спротивност на барањата на студентите. А во однос на барањето за подобрување на условите во студентските домови, МОН ќе интервенира почнувајќи од онаму каде што е најитно.

Од Германската банка за развојни политики веќе се добиени проекти во вредност од 24 милиони евра и дел од студентски домови се во одредени фази на подобрување на состојбата. Во периодот што следи во разговор со студентите ќе се направи план за менаџирање на новиот буџет со потребите. стои во соопштението на МОН.

Министерството за образование и наука потенцира дека остануваат во активно – конструктивна комуникација со студентите, вратите од институциите се секогаш отворени, а студентите ќе останат вклучени во носењето на политиките.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Експлозивна порака на Макрон по средбата со Си: Дали Кина му заби нож во грб на Путин?

НАЈНОВО

Скриншот

Страшно невреме во близина на Париз, торнадо усмрти едно лице, девет тешко повредени

October 21, 2025

„Дон Кихот во Скопје“ – концерт, изложба и промоција на книга за деца

October 21, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk