Руските окупациски сили се повлекле од градот Нова Каховка.
Нова Кахова е лоциран во јужна Украина и е во близина на стратешка хидроцентрала. Градот е на левиот, источен брег на Днепро во регионот Херсон, од каде руските сили минатата недела се повлекоа пред украинската контраофанзива.
Логистиката на руските сили на источниот брег на реката Днепро е под огнена контрола на вооружените сили на Украина, така што окупаторите се повлекуваат подлабоко, изјави Наталија Хумениук, шеф на прес-центарот на безбедносните и одбранбените сили на Украинската оперативна команда Југ, пренесува Укринформ.
„Хипотетички, непријателот може да претставува закана за Херсон, бидејќи растојанието им овозможува да користат различни видови оружје, но вооружените сили на Украина не стојат во место. Во овој поглед, непријателските трупи од левата страна брегот на Днепро се оддалечува од брегот за 15-20 километри“, рече Хумениук.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги обвини руските сили за минирање на браната и делови од електраната, наведувајќи дека доколку дојде до експлозија, повеќе од 80 места ќе бидат поплавени.
Според Кијив, уништувањето на таа инфраструктура би имало влијание и врз снабдувањето со вода на целиот јужен дел на Украина и би можело да влијае на ладењето на реакторите во нуклеарната централа Запорижја, најголемата во Европа, која црпи вода од вештачко езеро и брана од 18 милиони кубни метри.
Руските окупаторски власти негираа дека ја минирале браната Каховка, нагласувајќи дека нејзиното уништување ќе го наруши водоснабдувањето на Крим.
Подготви: Ј. Ѓ.