ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Како гуски во магла

November 17, 2022 10:19
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Јас мислам дека на Мицкоски и на таа негова до злабога досадна и очајна елита, нужно им се потребни патокази. Се гледа дека некои денови се „ојуначени“, а некои денови се како гуски во магла. Знае Мицкоски да стигне до Орбан во Будимпешта, знае да стигне и до неговите браќа по белиот свет, сигурен сум дека знае да стигне и во хотелите во кои престојува, ама не знае каде треба да стигне неговата земја.

Сите кои биле на Запад, знаат дека постојат патокази испишани со големи букви. И знаат дека буквите се испишани на чист фонт, на чисти и уредни табли испишани се букви на кои нема ниту кал ниту ‘рѓа. И не се опкружени со никакви други натписи кои на човека може да му го оттргнат вниманието. На Запад се снаоѓаш иако си идиот, нема шанса да се изгубиш, затоа што секогаш некој патоказ некаде те насочува. Онака како што те насочуваат патоказите ако случајно се затекнеш на аеродром.

Дебатата со Мицкоски за Европа за мене е дебата како да прашуваш „гуска во магла“: Извините, како може да стигнам до таму? Одговорите на Мицкоски може да те насекираат. На пример, ќе заглави човек во некоја селендра, ќе застанеш со автомобил, па ќе прашаш: Извинете, каде се наоѓа тоа и тоа, или – Извинете, како да излезам од тука? А одговорот е: На вториот семафор, па право, па десно, па лево преку мостот… Ама секогаш оној што го прашувам нешто погрешно ми кажува, или јас погрешно ќе запомнам, и потоа се случува двојна штета. Ќе се изгубам и уште ќе се налутам на оној што се обидува да ми го покаже патот. Или понекогаш толку многу ќе се опсесионирам со него, па ќе помислам дека намерно на погрешна страна ме упатил. Па потоа ќе си мислам зошто тоа го направи.

Затоа, мислам, најдобро е Мицкоски никого да не прашува, туку да се обиде да разбере дека патот на неговата земја е во Европа. Преку Уставните измени во кои ќе влезат Бугарите, Црногорците и Хрватите. По тој пат, друже Мицкоски. Нека стисне муда и нека ме послуша. И него ќе го биде, само треба да биде човек, лидер и да сфати дека немаме друга шанса. Му се обраќам најчовечки и најпријателски. Не му мислам зло, а не сакам ниту кога злото го поттикнува.

Пред некој месец излезе со онаа негова несреќа од Левица, Димче Апасиев; трескаа глупости за антифашизмот, демек ни докажуваа дека и двајцата се полни со политичка содржина. Претходно го запалија здружението на истите оние кои во политичка смисла се како нив: националисти, само што беа од другата страна на границата. Никому не помогнаа, никаква порака не испратија која има во себе некоја смисла. Го запалија просторот или седиштето на здружението, а за тоа ја обвинија, внимавајте, кој друг ако не Владата на Ковачевски.

Потоа, после извесен период, почна Мицкоски да го осудува Ванчо Михајлов, бил на страната на фашизмот, бил лош човек, ни велеше дека се срами од него, за денес, пак, да ни вели, Ванчо Михајлов е дел од нивниот партиски континуитет, ВМ бил важна личност за неговите во партија. Да го плаче човек со гајда.

Од друга страна, не сум наивен, почитувани читатели. Мицкоски и неговата клика, во нивната намерна „дезориентација“ и конфузија ја бара својата националистичка шанса. Притоа, тоа на Мицкоски му овозможува своето членство и поддржувачи да го држи на купче. Немаат свест тие за Европа, немаат свест ниту за одржлив државен систем. Не затоа што не би можеле – ако сакаат – туку затоа што немаат „муда“, ако ме разбирате што сакам да кажам.

Затоа вака им е најлесно: како гуски во магла го бараат „својот“ пат до државните пари.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0.

 

 

Next Post

Николовски: Со убава вест го одбележуваме Меѓународниот ден на студентите - 18.000 денари стипендија за студентите запишани на додипломски студии од земјоделскиот, шумарскиот или ветеринарниот факултет

Shortcut

Најново

Алиу: Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти отвора нов пристап кон менталното здравје

June 6, 2026

Филипче: На што ќе се вади сега Мицкоски после пораките на Мерц и Макрон?

June 6, 2026

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

June 6, 2026

„Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk