ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ДЗР: АМС да воспостави соодветни критериуми за распределба на средствата до НСФ и спортистите

November 18, 2022 11:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за млади и спорт (АМС) да воспостави соодветни критериуми за распределба на средствата од нејзините програми до националните спортски федерации (НСФ) и спортистите, како и ефикасни интерни контроли на трансферираните средства кон НСФ, се дел од клучните препораки во ревизорскиот извештај што го објави денеска Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Извештајот на ДЗР е од извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Агенцијата за млади и спорт на сметката на основен буџет (637) за 2021 година.

ДЗР, според клучните наоди, изразила неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2021 година.

Како што наведуваат од ДЗР,  со извршената ревизијата е констатирано дека АМС не воспоставила соодветни внатрешни контроли кои треба да го обезбедат наменското и законското користење на средствата кои се трансферираат на националните спортски федерации за реализација на нивните активности.

Според ДЗР, во врска со распределбата на средства до националните спортски федерации, АМС не изградила соодветни критериуми со кои ќе се обезбеди систем на објективна, пропорционална и праведна финансиска поддршка на федерациите согласно краткорочни и долгорочни приоритетни активности, а склучените договори со нив не содржат одредби со кои ќе се допрецизира намената на одобрените средства.

Слични слабости се констатирани и во делот на средствата кои се исплатени за поддршка на млади и талентирани спортисти „Спортска надеж” како и за распределбата на средства по издадените ваучери за спорт. – Дел од финансиските извештаи за потрошените средства кои се трансферирани на НСФ не содржат целосна документација за сите средства кои се примени од АМС, дел од документацијата по основ на подигнати девизи од банка и реализирани патувања на спортисти во странство е неуредна или целосно недостасува поради што не може да се поврзе со направените трошоци, дел од НСФ исплатиле прекумерен износот на средства за исплата на раководните лица во федерациите, а вршен е и трансфер на средствата од наменските сметки на НСФ кон спортски клубови без да се обезбеди соодветна документација за реализираниот трошок, стои во извештајот.

Утврдени се слабости и недостатоци во врска со спроведениот попис на средствата и обврските како и евидентирано салдо во значителен износ на позицијата за инвестиции за кое, посочува ДЗР, не добивме соодветни објаснувања во врска со објективноста.

Во поглед на реализацијата на капиталните инвестиции на кои работи АМС ревизорите констатирале значително доцнење во градежните работи кај шест објекти, а според ДЗР, се јавува и неизвесност во врска со нивното идно завршување..

Во делот за нагласување на прашања за неизвесност и континуитет ДЗР се осврнува на повеќе судски спорови во кои, како што наведува, АМС се јавува како тужена странка и чие разрешување може дополнително да го оптовари финансиското работење на субјектот во иднина.Целосниот извештај е достапен на линкот 

За констатираните состојби ревизијата дала препораки со цел да се надминат утврдените состојби во наредниот период.

Next Post

Герасимовски: Повеќе пешачки премини за поголема безбедност во Општина Центар

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk