ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Ги решаваме наследените проблеми, автопатот Кичево-Охрид е од огромно значење за целата земја

November 18, 2022 16:38
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ние како Влада ги решаваме наследените проблеми, патната инфраструктура за оваа Влада не е предизборно ветување, проект за политички поени. Патната инфраструктура за Владата што ја предводам значи поврзување на државата со другите земји од Европа, значи странски инвестиции, економски развој на земјата, побрз трансфер на луѓе и производи, развиен туризам и пред сè безбедни и сигурни патишта за граѓаните“ изјави премиерот Димитар Ковачевски при увидот на работите на автопатот Кичево – Охрид.

Тој изјави дека е свесен оти работниците кои го градат овој автопат се соочија со многу предизвици во изминативе години поради огромните пропусти во самиот проект.

„Беа потребни години за да се пробијат тунелите под превојот Пресека. Работниците се соочија со многу проблеми во утробата на планината што дополнително ја одолговлечи работата на терен, па плановите за работа мораше да се адаптираат според условите на терен.  И тоа беше само еден сегмент што требаше да се надмине, промашена траса, неусогласеност на проектната документација и состојбата на терен, дислокација на далекуводи, телефонски кабли, водоводни инсталации, индивидуални и стопански објекти, бидејќи беа на самата автопатска траса“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека мора да се спроведат започнатите проекти и да се оди напред, бидејќи тоа е за доброто на граѓаните. Ковачевски кажа дека е во секојдневна комуникација во врска со напредокот на автопатот и инсистира овој пат да се земе како највисок приоритет.

„Денеска, како што и може да се забележи, се става асфалтна подлога во тунелот, се работи на електрична инсталација и хидрантска мрежа. Тунелите за да бидат приспособени за сообраќај треба да се изработи вентилационен систем, противпожарна заштита, видео надзор, систем за детекција на опасни гасови, сообраќајна сигнализација и команден центар. Овие два се најдолгите друмски тунели во земјава со вкупна должна од 4 километри“ рече Ковачевски.

Next Post

Нуредини : Имаме понуда за Попова Шапка, инвестиција над 50 милиони евра

Shortcut

Најново

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk