ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Народен правобранител: Голем дел од учениците не знаат каде да пријават повреда на нивното право

November 18, 2022 15:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Голем дел од учениците не знаат каде да пријават повреда на нивното право, а најчесто училиштето го препознаваат како орган/институција каде што треба да се обратат –  покажува истражувањето на народниот правобранител во кое се содржани одговори од 1147 ученици од 14 средни училишта од Скопје на анонимен онлајн-прашалник.

– На прашањето колку се охрабрени да пријават повреда на правото – 84 отсто од учениците се охрабрени, што е навистина добар показател. Но, разочарувачки е податокот што дури 68 отсто од одговорите покажуваат непрепознавање орган или институција во државата каде што би можеле да се обратат за повреда на правата, рече заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа, која го презентираше истражувањето во средното училиште „Васил Антевски-Дрен“ по повод Светскиот ден на детето – 20 ноември.

Според истражувањето, најчести причини за непријавување на повредата се страв или срам, недоверба дека би имало позитивен ефект или затоа што не знае каде да пријави.

Бајрамовска-Мустафа нагласи дека од особена важност е децата да ги знаат своите права, содржани во Конвенцијата за правата на детето, да ги знаат механизмите за заштита бидејќи само детето што го знае правото, рече таа, може да препознае кога му е повредено.

– Само дете кое знае дека се забранети физичкото, психичкото и емоционалното  насилство или сексуалната злоупотреба, ќе знае дека со некоја постапка му се прави булинг, му се врши повреда на правото и, знаејќи ги органите, ќе знае каде треба да го пријави тоа. Не да молчи и да очекува, како што има одговори во истражувањето: „Никој  нема да му посвети внимание на 16-годишно дете“ или „Не сум сигурен дека некој од органите ќе го земе тоа сериозно“, рече заменичката на народниот правобранител.

Таа ги повика учениците од „Васил Антевски-Дрен“ и од други средни училишта кои присуствуваа на презентацијата да се обратат до Народниот правобранител – и за совет, но и да пријават некој вид повреда, нагласувајќи дека институцијата многу сериозно ќе ги сфати нивните пријави.

Според неа, од голема важност е да се работи со стручните служби во училиштата, тие да бидат екипирани, но и соодветно обучени за препознавање на повредите на правата на децата и да ги охрабруваат. Тоа е дополнително важно, рече таа, откако инклузивното образование стана задолжително.

– Треба многу да се работи за стручните служби да бидат екипирани со сите стручни профили, не само со педагог и психолог, туку и со логопеди и специјални едукатори, обучени за сите повреди на правата на детето. Овие служби конечно треба да  бидат препознати од децата како места или служби каде што ќе можат слободно и отворено да пристапат и да бараат заштита, а не да ги перципираат како органи или служби каде ги праќаат само кога не  почитуваат некој кодекс на училиштето,  рече Бајрамовска-Мустафа.

Омбудсманот го доставил анонимниот прашалник до сите 25 средни училишта на Град Скопје, а досега се добиени одговорите од 14 училишта.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Маричиќ: Владата работи на воведување европски стандарди за подобро здравје и подобар квалитет на живот на граѓаните

НАЈНОВО

Ралф Фајнс и сенката на злото: Вистината и митовите за улогата во Шиндлеровата листа

October 20, 2025

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 20 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000 гласови, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk