ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Таравари – Нема официјални разговори за влез во Владата. За Фронтлајн истакна дека ќе стане дел од власта доколку се исполнат три услови

November 18, 2022 14:38
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Засега не е разговарано за влез во Влада. По изборот на претседател на партијата ќе го разгледаме тоа, изјави претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари по завршувањето на денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски во Владата, пренесува МИА.

-Разговаравме за европскиот пат, борба против корупцијата, функционирањето на правната држава, европските закони што се блокирани во Собранието, за кои Алијансата цело време дава поддршка. Немаме официјални разговори за влез во Владата. Кога ќе има, ќе бидеме транспарентни и ќе го кажеме тоа, изјави Таравари и додаде дека во моментот нема ниту официјална, ниту неофицијална понуда.

Ги негираше информациите дека на маса се ставени бројни ресори што треба да бидат доделени на Алијанса за Албанците кога ќе влезе во Владата, но сепак, како што посочи, имаат нивни услови, ако евентуално започнат со преговори.

-Имаме црвени линии што би биле неопходни. Кажавме дека и како опозиција ќе ги презентираме пред цела јавност, а тие мерки ќе бидат наш услов за влез во Владата, додаде претседателот на Алијанса.

Вели дека немаат намера да се извинат на политичките партии кои побарале извинување, таа одлука останува на членството и партиските тела.

Рече дека со политичката партија на ВМРО-ДПМНЕ се во комуникација, како и со сите други партии, но не им се допаѓа вокабуларот што го користи партијата.

-Во одредени општини имаме и коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа од пред 4-5 месеци кога знаете дека се дистанциравме од Данела Арсовска, после неколку месеци, ако не грешам месец-два и ВМРО-ДПМНЕ се дистанцира од неа, меѓутоа вордингот што го користи ВМРО-ДПМНЕ во последно време воопшто не ни се допаѓа. Мислам дека ги намалуваат капацитетите за соработка со албански партии, не само со Алијанса за Албанците. Имам впечаток дека ВМРО-ДПМНЕ веќе се натпреварува со Левица која е понационалистичка партија што искрено на нас ни штети, вели Таравари.

Порача дека ќе продолжи да ја критикува власта и вели дека и во овој момент ако биде прашан дали има корупција и криминал, неговиот одговор ќе биде дека има.

-И секојдневните скандали што ги слушате, неколку од нив, на пример, скандалот со Орошенко тоа беше иницирано од АА, за Тетовскиот универзитет вчера имавме за корупција и за непотизам, повторно е од Алијанса за Албанците. Така што, ние ќе продолжиме со истите критики без разлика дали ќе бидеме дел од Владата или надвор од Владата, заклучи Таравари.

Во интервју за Фронтлајн.мк, Таравари пред денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски истакана дека ќе стане дел од власта доколку се исполнат три услови. Како најважно Таравари истака дека бара гаранции дека нема да има предвремени парламентарни избори пред 2024 година. Како втор услов до Ковачевски, лидерот на Алијанса ќе побара самостојност, односно автономност во одлучувањето во ресорните министерства што ќе ги добијат… И како трето барање, е да има динамика тоа што ќе се договорат да се применува во пракса.

Тој не кажа кои министерства ќе ги бараат, туку истакна дека без разлика кои министерства ќе му се понудат сака да покаже дека може добро да ги менаџираат и да бидат во служба на граѓаните.

Како пример го наведе периодот кога беше дел од власта, односно министер за здравство и за кус период имаше значителни реформи во секторот.

На прашањето дали ќе се нафати да го води министерството за здравство, Таравари кратко одговори – „зошто да не“.

Тој додаде дека се партија со 8 пратеници и очекуваат соодветни ресори со кои што ќе раководат, но нема да се согласи да водат т.н „министерсвта за бурек“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Почна дистрибуцијата на новите учебници за основно образование

НАЈНОВО

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

Мицкоски: Експертите велеа дека најмалку седум дена ќе се гасне пожарот во Трубарево, а го изгаснавме за 30 часа

September 15, 2025

Со одлука на Меџити се затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk