ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Новиот ветар од Калето

November 19, 2022 13:01
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

Зоран Иванов. Фото: Б. Јордановска / Цивил

Share on FacebookShare on Twitter

 Пишува: Зоран Иванов

Задува ново ветре откај Калето. Не толку одамна го испудивме Прибе, на Бејли мандатот му заврши, но еве нова извесност за македонската сегашност и за нашата блиска иднина. Новото лице се вика Анџела Агелер. Новата американска амбасадорка во Република Северна Македонија.

Можеме да негираме, можеме да игнорираме колку што сакаме, но фактите говорат дека странците, многу повеќе од нашите политичко партиски елити, се грижат за нашата држава. Најнакусо, најелементарната констатација би била дека доколку не ни се плеткаат странците во нашиве овдешни ендемски ујдурми, доколку меѓународниот фактор не ни е инволвиран во нашето политичко секојдневие, државава одамна ќе ни отидеше јабана.

На времето така беше со ООН кога доколку на кревката, на новата држава, на новиот меѓународен државен субјектне како фиром, нефиром, сеедно, токму под влијание и  сугестии на странските добронамерни дипломати, а наспроти мимикричните колебања на овдешните партиски популисти и квазипатриоти, сепак тогашното државно водство се одважи и државата ни стана дел од современиот свет институционално етаблирана во меѓународната заедница.

Така беше и со грчката економска блокада, пак странците. Така беше и со рамковниот, пак тие. Така и со пржинските еден и два, и со пржинскиот дваипол. Така и со преспанскиот и со НАТО. Така се случи и сега со францускиот. Пак странски пријатели не`поттурна на ЕУ патот.

Пак меѓународната, пак онаа добронамерната на која често и со право сме и лути поради некои нејзини стратегиски и геосратегиски интереси и поради некои нејзини дневни себичности што кај нас не ретко го нагрдуваат чувството за неа. Па, сепак, како и да завртиш, секогаш кога ние овде ќе се заплеткаме во некаков наш овдешен етнички или криминоген проблем, кога ќе се запизмиме меѓу себе и кога политичката корупција и локалната мафија ќе се здружат и кога мамето и`го расплачуваат на државата, кога кај партиските водства ќе надвладеат племенските судири за пленот наречен државен буџет и кога и судството ќе се заплетка во коруптивни зделки со македонската олигарска мафија, кога на државава и се заканува целосна институционална блокада и тогаш пак странците. Пак тие како празна кофа ќе не`извлекуваат од дното на нашиот пресушен бунар.

Цели три децении самостојна Македпнија талка од проблем во проблем, од криза во криза, од конфликт во конфлит за конечно периодов да стапнеме на европскиот пат. Колку долго простум ќе дремеме на него без да го направиме првиот чекор, пак зависи од странците. Од посветеноста на меѓународната и натаму да ги совладува овдешните пубертетски меѓупартиски инаети,  да го подзамете одронот на нашиот европски пат сега олицетворен во водството на најголемата опозициска политичка партија и наспроти партиските инаети, како и досега да продолжи да не`туркаат во прогрес.

Со надеж за таква мисија во одаите на Калето се всели новата американска амбасадорка. Русата Агелер дојде во Скопје со папката акти потпишани од нејзиниот претседател во кои има непополнети места на црната листа и декрети за мафиите и за политичките корупции. Веќе на првиот нејзин јавен настап падна и првата „пресуда“ за матниот избор на новиот шеф на обвинителството за организиран криминал.

Па ако по утрото денот се познава, галиба бргу ќе почнат да се „тркалаат“ зовриени политички глави. Америкнката најави дека во Република Северна Македонија е дојдена во добронамерна дипломатска мисија. Да им помогне на македонските прогресивни сили да ги скротат партиските популистички зезанции, да ја маргинализираат корупцијата, да го потсредат правосудството, да го по демократизираат општеството.

Патем, таа не заборави да потсети и дека во изминативе три децении нејзината САД во нашата Македонија вложила милиони долари за унапредување на демократијата, човековите права, судството, безбедноста, владеење на правото, јакнење на институциите и дека стасало времето за отчет за ефектите од инвестирањето.

Новата македонска надеж е во Анџела Агелер Во нејзината енергична посветеност да помогне да се справиме со овдешните моќници олицетворени во мангупите во политиката, правосудството, бизнисот и со нивните корумпирани пајташи распослани по партизираните македонски институции.

Дисциплинирањето почнува со новиот ветер од Калето.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Фотоволтаици за излез од енергетска криза и поевтина струја

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Христијан Мицкоски

Мицкоски: Потпишавме Меморандум за разбирање со „Бурсток“, која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари

October 22, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Николоски од Лондон: Македонија со огромна подршка од Велика Британија го започнува најважниот регионален проект за брза пруга на Коридор 10

October 22, 2025

ЕК останува на предлогот за укинување на сезонската промена на времето, но одлуката е на земјите членки на ЕУ

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела Арсовска по соопштението од Владата: Мицковски несреќо, на кого се закануваш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk