ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовска: Зошто е важен влезот во ЕУ за земјоделците, што значи тоа во пари и други придобивки

November 20, 2022 12:26
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Отворањето на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија е значаен чекор за целата држава и нејзините граѓани.

За земјоделците и агробизнисмените посебно значење имаат промените на подобро кои ќе ги донесе нашето челнство во Унијата. Во таа смисла овој пристапен период и активностите кои ќе се одвиваат се важни и треба да ги следиме и како јавност, но со поголемо внимание како директни учесници, дали на експертско ниво, земјоделски производители, трговци, агробизнисмени и земјоделски здруженија за да се помогне на администрацијата успешно да се заврши овој клучен период за нашиот агросектор, изјави директорката на Агротим, Ленче Николовска.

Токму затоа на платформата Агротим ќе посветиме внимание и простор за да ги информираме (ако сакате и увериме) нашите земјоделци во предноста која ја нуди членството на државата во ЕУ, а тоа може само преку правилни и точни информации. Само едуциран земјоделец, со доволно информации може да донесе сам заклучок за одреден процес, без предрасуди или други политички, партиски влијанија или муабети пред продавници и кафеани, истакна Николовска.

Таа додаде дека „довербата која ја градиме со години со вас, земјоделци, е мојот адут во оваа наша мисија, да и помогнеме на Владата успешен пристапен процес во ваш интерес и да имаме европско земјоделство“.

Почнуваме со најосновното – Што претставува Заедничката земјоделска политика и зошто дури 40% од буџетот на ЕУ е токму за земјоделство и рурален развој.

Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на ЕУ е најстара и една од најважните политики, како во однос на бројот регулативи што ја регулираат оваа област, така и од аспект на уделот на земјоделскиот буџет во вкупниот буџет на Европската Унија. Поточно, големината на буџетот на Заедничката земјоделска политика е многу висока и е малку помалку од 40% од вкупниот буџет на ЕУ.

Нејзината примарна цел е да обезбеди:

  • Стабилно снабдување со квалитетна, безбедна храна за населението;
  • Пристапни цени и соодветен приход за земјоделците;
  • Модернизација и развој на земјоделското производство и
  • Модернизација и развој на руралните области.

Денес, особено внимание се посветува на подобрувањето на безбедноста и квалитетот на храната, заштита на животната средина, обнова и развој на руралните култури, зачувување на културните богатства и традиционалните обичаи. Се промовира рурален развој, вклучувајќи рурален туризам, традиционални занаети, подобрувања во инфраструктурата, како и производството на квалитетни органски и автохтони земјоделски производи.

ШТО ОПФАЌА ЗАЕДНИЧКАТА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПОЛИТИКА:

Заедничката земјоделската политика на ЕУ вклучува бројни области и аспекти и се имплементира преку три клучни видови на мерки, кои го сочинуваат темелот на политиката. Станува збор за следните мерки:

  1. Директни плаќања. Директните плаќања подразбираат дека, под одредени услови (животна средина и здравје на човекот, безбедност на храна, почитување на благосостојбата на животните, одржување на земјиштето во добра состојба или почитување на барањата за „позеленување “(greening)), земјоделците добиваат стимулации без оглед на тоа со кој вид на производство се занимаваат. Целта на овие стимулации е да се обезбеди стабилен приход без оглед на флуктуациите и неизвесностите на пазарот. Мерките се финансираат од Европски гарантен земјоделски фонд (EAGF).
  2. Пазарни мерки. Пазарните мерки имаат за цел да ги стабилизираат земјоделските пазари и да спречат ескалација на пазарните кризи (мерки на интервенција на пазарот) ; да ја зголемат побарувачката и да им помогнат на земјоделските сектори на ЕУ подобро да се прилагодат на пазарните промени. Неопходно е да се потенцира дека во оваа област, како во областа на директните плаќања, државите-членки не може да имаат свои национални мерки; наместо тоа, оваа политика се спроведува централно, на ниво на ЕУ. Мерките се финансираат од Европски гарантен земјоделски фонд (EAGF).
  3. Политиката на рурален развој. Руралниот развој вклучува мерки потребни за развој на активности во руралните области кои придонесуваат за зајакнување на конкурентноста на земјоделството и шумарството како и за подобрување на биодиверзитетот на руралните области. Потребите и предизвиците во руралниот развој се адресираат преку национални и регионални програми на секоја држава-членка. Овие мерки се финансираат од Европскиот  земјоделски фонд за рурален развој (EAFRD).

Извор: Бриф

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Русија постигна договор со Иран за производство на дронови

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk