Русија постигна договор со Иран за започнување со производство на стотици беспилотни летала на руска територија, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на разузнавачки информации добиени од американски и други западни безбедносни агенции.
Весникот наведува дека руските и иранските власти го финализирале договорот за време на состанокот во Иран на почетокот на ноември, објави Ројтерс.
Русија и Иран се движат кон забрзан трансфер на дизајни и клучни компоненти кои би можеле да овозможат производството да започне за неколку месеци, изјавија тројца официјални претставници запознаени со ова прашање, објави Вашингтон пост.
Руското Министерство за одбрана не одговори на барањето за коментар на британската новинска агенција.