ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши: Сите производствени капацитети на државата ќе бидат подготвени од 1 декември да произведуваат струја

November 22, 2022 12:59
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од 1 декември годинава ќе бидат ставени во функција сите производствени капацитет за електрична енергија со кои располага АД ЕСМ, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Граѓаните и компаниите да бидат спокојни нема да има никаков проблем во делот на снабдување со електрична енергија. Има план за производство и од 1 декември кога се зголемува потрошувачката ќе бидат ставени во функција сите капацитети кои ги поседува ЕСМ – трите блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, КОГЕЛ, целиот хидропотенцијал и Ветерниот парк во Богданци. Во земјава речиси се е под контрола и не се предвидени никакви рестрикции. Во континуитет сите потрошувачи ќе бидат снабдуван со електрична енергија, почнувајќи од домаќинствата па се до големите компании кои се на слободен пазар, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Нагласи дека доколку потрошувачката на електрична енергија не се зголеми од 1 декември нормално е да не се стават во функција сите капацитети и непотребно да прават трошоци. Треба, како што  посочи, да се штеди мазут, јаглен, а средствата кои ќе се заштедат кога нема да работат ќе се користат во моментот кога потрошувачката на електрична енергија ќе биде поголема.

Нагласи дека деновиве треба да пристигне трансформаторот за третиот блок во РЕК Битола по што во мрежа ќе биде ставен и тој блок.

-Транспортот на трансформаторот од фабриката во Турција до Битола е комплициран. Во овој момент трансформаторот е во Грција и се подготвуваат два моста за да може да помине товарот што е над 200 тони и во наредните денови да се донесе во РЕК Битола, рече Бектеши.

Посочи дека вториот блок во РЕК Битола е подготвен и од денеска ќе биде вклучен во мрежа и нагласи дека досега не работел заради предвреме реализираните набавки на електрична енергија.

-Во последните два до три дена е направен поголем увоз на електрична енергија заради тоа што претходно е направена набавката на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар иако вториот блок во РЕК Битола беше подготвен да се стави во функција во текот на викендот. Но, заради тоа што беше направена набавката се одложи ставањето во мрежа на вториот блок во РЕК Битола. Од денеска и тој ќе почне да работи што значи дека ќе се намали количината на увоз на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар, прецизира Бектеши.

Доколку се намалат цените на дериватите, како што кажа, веднаш ќе биде вклучена во системот и ТЕЦ Неготино.

-Ако моментално го ставиме во функција ТЕЦ Неготино ќе биде поскапо да произведува електрична енергија отколку да се набавува од увоз. Поради цената на мазутот производствената цена на електричната енергија во ТЕЦ Неготино е околу 250 евра за мегават час што е поскапо од моменталните цени на енергијата што можеме да ја набавиме на отворен пазар за потребите на регулираниот пазар, укажа Бектеши.

Next Post

Парламентарното собрание на НАТО ги повика членките да ја прогласат Русија за терористичка држава

НАЈНОВО

Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

October 24, 2025

Дефект во системот ја блокира „Аљаска ерлајнс“: Привремено прекинати сите летови низ САД

October 24, 2025
Скриншот

Стармер врши притисок врз сојузниците за ракети со долг дострел за Украина

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk