ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Сензација: Саудиска Арабија ја совлада Аргентина на Мундијалот во Катар

November 22, 2022 13:18
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Саудиска Арабија го направи најголемото изненадување на Мундијалот во Катар и едно од најголемите во историјата на Мундијалите. Ја совладаа фаворизираната Аргентина по пресврт и победија со 2:1. Аргентинците поведоа со голот на Меси од пенал во 10. минута, но Ел Шехри и Ел Дасарви во 48. и 53. минута им донесоа голем триумф на Саудијците.

Саудијците грубо го започнаа натпреварот, а во 8. минута беа казнети, кога Абдулхамид по корнер го повлече Паредес. По гледањето на видеото, беше досуден пенал, кој Лео Меси рутински го сместува во мрежата во десеттата минута од натпреварот.

До крајот на полувремето на Аргентинците им беа поништени три гола поради офсајд.

По период на нешто поотворено играње на Саудијците, Меси ја затресе мрежата, но тоа беше очигледна недозволена позиција.

Се чинеше дека голот на Лаутаро Мартинез во 27. минута на одличната асистенција на Гомез ќе биде регуларен, но прегледот на видеото покажа дека Мартинез е во офсајд.

Потоа, на Мартинез му беше поништен уште еден гол поради очигледен офсајд. И покрај сето тоа, Аргентина можеше да дојде до два гола предност до полувремето, но Де Пол ужасно шутираше од многу добра позиција, од работ на шеснаесетникот.

А потоа шокот на стартот на вториот дел. Ел Шехри ја користи бавната реакција на одбраната на Аргентина и мајсторски го измами Мартинез за 1:1 во 48. минута.

Тоа не беше се. Само пет минути подоцна со спектакуларен гол од работ на шеснаесетникот капитенот Ел Дасаури и донесе водство на Саудиска Арабија која во тој момент играше како во транс.

Аргентинците се обидуваа во продолжението од мечот, но освен стопроцентната шанса на Таџиф во 65. минута кога блескаво реагираше саудискиот голман, немаа посериозни можности.

Меси се обиде со глава во 84. минута, но Ел Овејс лесно го сопре. Имаше осум минути прекини, но ништо не се промени и славењето на Саудијците можеше да започне.

Извор: СпортКлуб

Tags: АргентинаКатарСаудиска Арабијафудбал
Next Post

Руската армија уби четворица цивили во Донецката област, уште двајца цивили повредени во гранатирањето на Вовчанск

Shortcut

Најново

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk