Одделението за внатрешни работи Кочани до Основното јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против С.З.(34) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривиниот законик, известија од МВР.
Пријавениот, вршител на должноста директор на Средно општинско училиште „Ѓошо Викентиев“ во Кочани, со отпочнување на учебната 2022/2023 година дал под закуп деловен простор, сопственост на училиштето, на правно лице од Кочани, без да спроведе посебна постапка за закуп на недвижни ствари со електронско јавно наддавање и без да склучи Договор за закуп на деловен простор.
„Имено, пријавениот бил должен да формира комисија за располагање со недвижни и движни ствари на училиштето, која ќе ја спроведе постапката за електронско јавно наддавање за давање под закуп на деловен простор и да склучи Договор за закуп на деловен простор со најповолен понудувач, односно учесник на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за месечната закупнина. Но, пријавениот ја искористил својата службена положба и овластување и сам го избрал правното лице на кое му го дал деловниот простор под закуп. На тој начин пријавениот го оштетил буџетот на училиштето, а на правното лице му овозможил бесправно да стопанисува со бифето и да се стекне со поголема имотна корист“ стои во соопштението.
Со наведените дејствија сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“