ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

(Фото) Скопјани од градежната офанзива добија само изринкани улици и сообраќајен метеж

November 25, 2022 20:27
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Хаосот низ улиците на Скопје деновиве кулминира со протести и блокади во режија на приватните превозници кои беа вклучени во јавниот превоз. Тоа ги принуди граѓаните од метрополата повеќе да ги користат своите автомобили и дополнително да направат притисок во сообраќајот кој се одвива отежнато и поради изринкани или прекопани улици.

Сликата е грда со недели, месеци…, а деновиве и амбиенталниот воздух е позагаден. Имаме микс од зголемено количество на издувни гасови поради работата во место на автомобилите и прашина од раскопаните улици. Скопје се најде меѓу десетте градови во светот  според загадениот воздух што дополнително удира по здравјето на граѓаните!

Ваквите урбани зафати во развиениот свет се прават „преку ноќ“. Се во интерес на граѓаните, а не на нивна штета – по здравјето и џебот ! Очебијно градското раководство на чело со „мајката“ Данела Арсовска не ја видела или прочитала оваа градска лекција.

Сликата со нервозен сообраќајен режим стана секојдневие. Вистинска уметност е да се излезе од дома и на посакуваната дестинација да се стигне навреме и без нервоза.

Скопјани наесто градежна офанзива со кој требаше експресно да се санираат или реконструираат некои амортизирани сообраќајниците низ централното градско подрачје како и главните „аорти“ низ општините добија изринкани и ископани коловози кои со недели, месеци… не се движат кон крајната цел. Работите тапкаат во место, а нервозата и незадоволството кај граѓаните напредува катадневно.

Во Градот Скопје од незнаење или за терање инает каков секојднево демонстират по било кое прашање не ја почнаа ваквата офанзива во потоплите месеци кога граѓаните користеа и алтернативни превозни средства. Некои пешачеа, возеа велосипеди, мопеди, тротинети… и не создаваа дополнителен притисок во сообраќајот на улиците.

Сега кога сите посегнаа по автомобилите, работни машини и работници кои треба да работат со полна пареа, нема или се реткос, а нервоза кај учесниците во сообраќајот е на претек.

И времето им оди од рака, но и тоа не знаат да го искористат. Цехот ќе го плати граѓанинот со истенчени нерви и расипани автомобили, искинати гуми за кои ќе треба дополнително да го одврзе своето ќесе.

Метеролозите за скоро време го најавуваат и првиот снег, па скопјани ќе имаат ретка можност да покажат колку добри возачи се по изринкани улици полни со дупки и сето тоа замаскирано со снег и вода  !

Извор: 24инфо

Next Post

Пелистер со една добра четвртина до триумф над Осиек во АБА2

Најново

Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

May 7, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026
Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk