ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

ССМ: Автобуси на ЈСП се кријат и паркираат по објекти на ЈП „Водовод и канализација“

November 25, 2022 14:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на вчерашниот ден, автобуси на ЈСП „Скопје“ се кријат и паркираат по објекти на ЈП „Водовод и канализација“ и истите утринава се уште биле таму со што сериозно се нарушува безбедноста на објектите на ЈП „Водовод и канализација“ за што в.д директорот Марјанчо Митовски треба да одговара како и да одговараат неговите налогодавачи, се наведува во објавата на Фејсбук, на Сојузот на синдикатите на Македонија.

„Во пречистителната станица Волково на ЈП „Водовод и канализација“ во доцните вечерни часови биле внесени и паркирани автобуси на ЈСП „Скопје“ и тоа до самите безени и пумпи со што е нарушена безбедноста, а за што синдикатот СУТКОЗ упорно предупредува изминатите денови. Пречистителната станица на ЈП „Водовод и канализација“ во Волково е објект од витално значење за градот Скопје и со ваквиот преседан Митовски како в.д директор и неговиот налогодавач директно го доведуваат во опасност функционирањето на објектот како поради опасност од излевање и истекување на опасни материи од автобусите, како и опасност од предизвикување на хаварија од поголем обем за чија интервенција на итните служби како против пожарната служба ќе бидат попречени“, велат од ССМ.

Оттаму нагласуваат дека во текот на доцните вечерни часови според како што велат сознанија од синдикалисти, биле злоупотребувани ресурсите на ЈП „Водовод и канализација“, за како што велат неовластено да извршуваат работи и тоа еден багер – скип работел и отворал пристап на задната страна од гаражата на ЈСП во Ѓорче Петров со што директно се злоупотребуваат ресурсите и работниците на ЈП „Водовод и канализација“ со што како што тврдат оттаму се прави штета за лични цели на в.д директорот и на неговиот налогодавач.

– Доколку и ова не е доволно в.д директорот да биде уште веднаш разрешен поради злоупотреба на ресурсите на претпријатието и доведување во директна опасност на објектите од витално значење на ЈП „Водовод и канализација“ тогаш се потврдува дека истиот како слеп послушник е поставен да раководи со ова витално јавно претпријатие за исполнување на желбите на градоначалничката Данела Арсовска и таа е нај одговорна за состојбите во кои се наоѓа ова јавно претпријатие. Бараме надлежните служби ОЈО и МВР веднаш да интервенираат и да ги преземат сите мерки и да утврдат по чиј налог, кои лица, со која цел влегуваат и излегуваат од објекти со витално значење за градот Скопје и сторителите да одговараат – стои во објавата на ССМ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Водовод и канализацијаСПССМ

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk