ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ковачевски во посета на „Брилијант“: Во полн капацитет се ставни домашните капацитети за производство на прехранбени производи

November 26, 2022 15:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Во овој период на тешка економска криза домашните капацитети за производство на основни прехранбени производи меѓу кои и маслото за јадење, се ставени во полн капацитет, а мерките кои што беа донесени од Владата имаат за цел да се избегнат ценовните шокови и да се заштитата граѓаните“ изјави премиерот Димитар Ковачевски при посетата на фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“.

Тој додаде дека во таа насока се и одлуките на Владата за повластена тарифа на електрична енергија, пониска од берзанската, за компаниите кои произведуваат основни прехранбени продукти.

„ Од 1 декември оваа година треба да ги видиме првичните резултати на пазарот од оваа мерка. Воедно  очекуваме да продолжи намалувањето на цените во интерес на потрошувачите, и според сите параметри реално е да очекуваме намалување за 10%.Ќе ја искористам оваа прилика да повторам дека никој нема да биде оставен сам да се справува со последиците од кризата оваа зима и дека институциите посветено работат на изнаоѓање на решенија за предизвиците кои ни ги наметна економската и енергетската криза“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека исто така е важно компаниите од прехранбениот сектор да имаат домашна суровина и токму затоа се става фокус на зголемување на примарното земјоделско производство.

„Пред почетокот на новата сеидбена сезона за сончогледот ги исплативме субвенциите, за да можат земјоделците навреме да сеат, за да имаат пари за производствените трошоци. Платежната агенција исплати исплати над 450 милиони денари субвенции за поледелски култури меѓу кои и за сончогледот и маслодајната репка на над 24.000 земјоделци“ рече Ковачевски.

Со новиот модел на субвенции ги мотивираме земјоделците да произведуваат повеќе храна

„Досегашниот систем според кој земјоделците добиваа субвенции без да прикажат дека оствариле производство, се заменува со нов „decoupling систем“. Со новиот модел, ги мотивираме земјоделците да произведат повеќе храна, нешто што е многу важно во услови на светска економска криза“ изјави премиерот Димитар Ковачевски при посетата на фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“.

Тој додаде дека новиот модел за распределба на земјоделските субвенции значи решавање на сите долгогодишни проблеми на земјоделците, брз систем за исплата и спречување на злоупотребите.

„За компаниите од прехранбениот сектор најважно е да имаат домашна суровина, затоа ставаме силен фокус на зголемување на примарното земјоделско производство. Конкретно во случајот на домашното производство на сончоглед. Обезбедивме и продолжуваме да обезбедуваме во иднина навремена исплата на субвенциите и други мерки за зголемување на површините со оваа земјоделска култура“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека и оваа година пред почетокот на новата сеидбена сезона за сончогледот исплатени се субвенциите, за да можат земјоделците на време да сеат, за да имаат пари за производствените трошоци.

„Платежната агенција исплати исплати над 450 милиони денари субвенции за поледелски култури меѓу кои и за сончогледот и маслодајната репка на над 24.000 земјоделци. Во ова време на глобална економска криза навремено и неселективно даваме финансиска поддршка за земјоделците, им помагаме кога е најпотребно, го стимулираме земјоделското производство, даваме поддршка за развој и обезбедуваме сигурност и за земјоделците и за преаработувачите“ рече Ковачевски.

 

 

 

 

 

 

 

 

Next Post

Ковачевски: Потпишани 277 договори за подршка на компании кои ќе креираат над 3.700 работни места

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk