ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Имаме највисоки откупни цени за тутунот во последните десет години, дури 33% повеќе во споредба со лани

November 28, 2022 14:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА

Од откупниот пункт во тутунскиот комбинат во Прилеп, премиерот Димитар Ковачевски го означи почетокот на откуп на тутунот од реколтата за 2022 година.

„Денешниот ден го започнав со средба со луѓето кои се најважни за оваа наша традиционална земјоделска гранка – тутунопроизводителите. Имав можност да разговарам со дел од тутунарите од прилепскиот регион за годинешната реколта тутун, за откупната цена, за владините мерки, но и за нивните предлози за понатамошен развој производството на тутун. Според официјалните податоци од Државниот инспекторат за земјоделство, со задоволство можам да кажам, дека оваа година откупот на тутун започнува со неколку позитивни податоци: повисока откупна цена, повеќе склучени договори, поголемо планирано количество за откуп, подобар квалитет на тутунот“, кажа Ковачевски.

Како што додаде премиерот, годинава откупот на тутунот стартува со 33% повисока цена споредено со лани.

„Откупната цена за килограм тутун е 260 денари, за разлика од лани кога била 200,44 денари за килограм. Ова се историски највисоки откупни цени за тутунот во последните 10 години! Ќе кажам еден податок што ја потврдува мојата констатација – од 2014 година до сега откупната цена на тутунот е зголемена за 115,7%. Пораст има и кај бројот на склучени договори. За реколта 2022 година склучени се 29.653 договори што е за 7% повеќе од лани кога биле склучени 27.712 договори. Оваа година се очекува да се откупи околу 21.000 тони тутун што е за над 10 % повеќе од лани кога се откупиле 18.662 тутун. Имаме тутун со подобар квалитет во однос на минатата година“, кажа Ковачевски.

Според него овие стартни податоци ветуваат успешен откуп на тутунот, што крајно би значело бенефит и за државата и за тутунопроизводителите да продолжат да вложуваат во производството.

„Ваквите бројки се доказ мерките кои што оваа Влада ги презема за тутунопроизводството, даваат позитивни резултати. Тутунот е наша традиционална но и извозно ориентирана гранка која носи годишен девизен прилив од над 120 милиони евра. Околу 20.000 семејства егзистираат од оваа гранка, и затоа секоја преземена мерка е во интерес на тутунопроизводителите, да имаат стабилно и одржливо производство. За првпат оваа Влада донесе нов модел за зголемени субвенции за тутунот според кој субвенцијата за прва класа е 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи. Со тоа ги мотивиравме тутунарите да произведат повеќе и поквалитетен тутун, за да остварат повисока субвенција“, заклучи Ковачевски при посетата на Прилеп.

Next Post

Втората делница од експресниот пат кон Прилеп е скоро завршена - Ковачевски вели дека тече голем инвестициски циклус во патишта

НАЈНОВО

Поглед на Земјата од Месечината. Фото: Генерирано со ВИ

Тајните на Месечината: Зошто не сме ја посетиле со децении по Аполо мисиите?

August 24, 2025

Меџити: Очекувам апсолутна победа на октомвриските избори, парламентарните се за три години

August 24, 2025

Политички пресврт во Израел: Ганц повикува на нова влада за ослободување на заложниците

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk