ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Средба на Џафери со европратениците Ќучук и Валсман

November 29, 2022 15:55
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес во Брисел, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, оствари средба со европратениците, Илхан Ќучук и Марион Валсман.

На средбата претседателот Џафери ги запозна Валсман и Ќучук со тековните состојби во Собранието, работата на комисиите и текот на дебатата на пленарните седници, како и за активностите кои што се планирани во насока на усвојување на предлог закони до крајот на годинава. Претседателот се осврна и на средбите на Работната група за учество на Дијалогот Жан Моне, која што остварува средби самостојно, без присуство на европратениците и ги извести за постигнатиот напредок во рамките на тие средби кои се фокусирани на усогласување на консензуален Деловник за работа на Собранието.

Во овој контекст, европратениците се согласија со претседателот дека клучна алатка за демократските процеси е постоењето на  добро структуриран Деловник, кој што ќе овозможи да се слушне мислењето на сите учесници во процесот на донесување одлуки, без разлика на владејачкото мнозинство и кој нема да биде алатка за ограничување или блокирање нa законодавната постапка, особено не на усвојувањето на законите кои се во интерес на граѓаните; затоа што граѓаните се уморни од трошење на време и чекање за да се реализира конечната цел – европски стандарди во Република Северна Македонија.

Во однос на регионалната соработка, претседателот Џафери го потенцираше вниманието кое се посветува на Берлинскиот процес и Резолуциите на Европскиот парламент, а во светло на последната Резолуција на ЕП се осврна на иницијативата Отворен Балкан, која се гледа како полезна платформа за економска соработка и намалување на разликите меѓу соседите, а не како замена за Берлинскиот процес.

Во однос на глобалните геополитички состојби, претседателот Џафери го подвлече приклучувањето на Северна Македонија кон сите одлуки и санкции на ЕУ против Руската Федерација и дека согласно своите државни капацитети ги поддржува сите одлуки и активности на НАТО кои произлегуваат од нашето полноправно членство.

Европратениците имаа прашања во однос на процедурата за усвојување на уставните измени, согласно Договорот со Бугарија, за односите меѓу политичките партии во Собранието и очекувањата на учесниците во Работната група во однос на временската рамка за финализирање на нацрт – текстот на новиот Деловник и искажаа безрезервна поддршка за забрзување на преговарачкиот процес со ЕУ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

May 9, 2025
Фото: Дехран Муратов

Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова

May 9, 2025

Без струја корисници во Илинден, Арачиново и Карпош

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk