ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Агенција за Катастар: Услугите не се поскапени, туку се вратени на нивото од 2017 година

November 29, 2022 16:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Ниту цените на катастарските услуги се зголемени до 500 отсто ниту институцијата е пред банкрот, изјави Борис Тунџев, директор на Агенцијата за катастар, додавајќи дека нивните цени во просек се зголемени меѓу 25 и 30 отсто, а веќе се прави анализа дали има шанси за корекција, штом ќе се „смират“ цените на енергенсите.

Тунџев потенцира дека кај поголем дел од тарифните ставки им се дури и намалени цените, а со направените промени во методологијата сега наместо 5 има само 2 тарифници. Тој објаснува дека промените на ценовникот по пет години се резултат на систематска анализа што ја прави Агенцијата и дополни дека нема поскапување кај услугата за забележување на хипотека.

„Во 2017 Катастар ги намали цените за 30 до 90 проценти. Ако се направат споредби со 2014, поголемиот дел на услугите се на ниво од 2014, односно 2017“, вели Тунџев.

Директорот на АКН информира дека ако до пред неколку години годишните сметки за струја на Агенцијата изнесувале од 8 до 9 милиони денари, сега се зголемени на 39 милиони денари. Трошоците се зголемени и како резултат на пораст на трошоците за одржување на оперативните системи, геодетски и ИТ-софтвери, големиот број лиценци за работа…

„И ние како и другите правни субјекти не останевме имуни на влијанието на порастот на цената на електричната енергија и на другите енергенси на светскиот пазар, што во голема мера го отежнува нормалното работење“, рече Тунџев.

Директорот на Катастарот најави и дека се подготвува нов закон, кој следниот месец ќе биде доставен до Министерството за правда и со кој ќе се овозможи еден дел од услугите да бидат бесплатни.

„Правиме селекција за делот на податоците што ќе бидат отворени, односно бесплатни за корисниците на нашите услуги. Сега немаме можност за тоа иако европското законодавство ја препорачува оваа работа“, објасни Тунџев, кој во моментот не можеше да прецизира колкав обем од податоците ќе бидат отворени.

Што се однесува до обвинувањата на геодетските друштва дека електронските системи на Катастарот не се постојано во функција, Тунџев потсети дека институцијата полека закрепнува од неодамнешните хакерски упади. Тој истакна дека во моментот се работи на обнова на серверите и се зголемува нивната безбедност за што се плаќаат лиценци, но дека главните страници што им се потребни на клиентите се во функција.

„За нормално работење е потребна сериозна надградба на софтвер апликациите, кои ги користат локалните самоуправи, државните институции, нотарите, извршителите, приватните геодетски друштва и граѓаните. Но, нашиот систем е поврзан со уште други три и ако некој од нив не работи, тогаш и ние „паѓаме“, додаде Тунџев откривајќи дека неодамна две институции си правеле безбедносни промени, а не ги известиле за тоа.

Пред неколку денови Комората на трговски друштва за геодетски работи при Сојузот на стопански комори побара итна ревизија на новите тарифници на Агенцијата за катастар на недвижности, а со кои, како што рекоа од Комората, услугите за добивање одредени податоци се поскапени за 100, 200, па и за 500 отсто, на товар на геодетските друштва, нотарите, адвокатите и граѓаните кои користат катастарски услуги.

Инаку, на брифингот за новинари во Катастарот, сакаше да присуствува и претседателот на Комората за геодетски друштва Никола Рибароски, што не му беше дозволено со образложение дека настанот е за информирање на медиумите, а тој може да побара прием за разговор.

Извор: Слободен Печат

 

 

Next Post
Фото: 24инфо

Кулминација на хаосот во јавниот превоз во Скопје

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk