„Веќе неколку дена во очите на јавноста се случувањата поврзани со кафе Хелиум. Откако беа изнесени секакви невистини и на целосно неправаден начин се проба да се наруши реномето на овој локал и да се изнуди рекет од сопственикот од страната на членови на Левица Аеродром чиј фронтмен е советникот Дарко Масларковски, решив да напишам некој збор на оваа тема“, пишува Боемот.мк.
Текстот го пренесуваме во целост
Хронолошки, се започна на совет на Општина Аеродром кога Левица побараа да се изврши надзор на овој локал заради наводно „узурпираната јавна површина“. Од сопственикот на локалот дознаваме дека членовите на Левица Аеродром веќе подолг период се обидувале да изнудат рекет, а за истото тоа можете да се уверите од видеото во продолжение каде јавно велат дека одат на „гратис пиење“ и „афтери“ и употребувајќи погрдни зборови за сопственикот.
Од видеото може да се забележи дека советниците од Левица во Општина Аеродром се во алкохолизирана состојба. Од информациите кои ги имаме тие се спротивставиле и на полицијата нарекувајќи ги „штрумфови“ и со останати погрдни термини и вреѓање по што добиле „соодветен третман“ и од нивна страна.
Од следното видео можеме јасно да ги препознаеме истите членови како во раните утрински часови по пуштањето од полиција се обидуваат да го руинираат локалот. За среќа, локалот има агенција за обезбедување, која навремено интервенира и спречува поголема штета и кршење на локалот.
Згора на се, официјален профил на политичката партија јавно го суди овој локал бидејќи не изнудиле рекет од него, а нивните профили на социјалните мрежи се пуштија на најјако да го оцрнат и што се не направија овие луѓе против еден човек – сопственик на мал бизнис кое одговорно работи кон државата. Не можам да поверувам дека се ова Левица во Општина Аеродром го прави додека е во опозиција. За другите општини не можам да коментирам, но овие луѓе веќе си го покажаа вистинското лице. Се прашувам… Штом сега се однесуваат вака, замислете што би правеле на власт?
P.s. Ова не е Пи-ар текст туку изнесување на факти, за мене најдобриот локал во Општина Аеродром – кафе Хелиум. Ако имате прашања околу текстов ве чекам да испиеме кафенце во Хелиум.
Извор: Боемот.мк