ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ангелов на Комитет за отпорност на НАТО

December 2, 2022 14:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Директорот на Центарот за управување со кризи  Стојанче Ангелов учествуваше на првата Пленарна сесија на Комитетот за отпорност на ниво на политички директори, која се одржа вчера и денес (01-02 декември) во седиштето на НАТО во Брисел.

На 1 декември 2022 членките на НАТО дискутираа како насоките од состанокот на високите национални претставници за отпорност да се преточат во конкретни активности и одобрија работни области со временска рамка кои ќе бидат патоказ за градење отпорност до Самитот на НАТО во Вилнус. Претседавачите на групите за планирање при Комитетот за отпорност, кои играат важна улога во споделувањето на свесноста за националната подготвеност и неопходните активности, информираа за претстојната работа во делот на цивилната подготвеност преку седумте основни побарувања.

Дискусиите за перспективата на приватниот сектор во однос на зајакнувањето на националната и колективната отпорност продолжија за време на неформалната работна вечера. Притоа Ангелов оствари повеќе билатерални разговори.

Главна тема на сесијата 02.12.20022 година беше примената на Стратешкиот концепт кој нагласува дека обезбедувањето национална и колективна отпорност е клучно за сите основни задачи на НАТО и ги поткрепува напорите на сојузниците да ги заштитат нашите нации, општества и заеднички вредности.

Во втората сесија на сојузниците им се придружија земјите партнери на кои им се преставија најновите стратегии и се разговараше за влијанието на војната во Украина врз националната и колективната отпорност. Во таа насока, беше нагласено дека отпорноста на критичната инфраструктура е од суштинско значење за континуитетот на основните услуги за населението и за националната одбрана, известуваат од ЦУК.

Next Post

Ковачевски: Еднакви можности и инклузија на лицата со попреченост е приоритет на оваа Влада

Shortcut

Најново

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk