ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царинска управа: Поткомитет со ЕУ за царина нотира добар напредок во спроведување на реформите

December 2, 2022 10:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ја докажавме нашата посветеност на процесот на пристапување во ЕУ, и тоа е нотирано во неодамнешниот извештај за напредокот на земјата, кадешто e забележана висока усогласеност на царинското законодавство со законодавството на ЕУ.

Продолжуваме со дигитализацијата, како еден од нашите главни фокуси во последната деценија, преку развој на нови ИТ системи и натамошно надградување и одржување на постоечките. Со тоа ќе овозможиме високо ниво на автоматизација на процесите, консолидирани бази на податоци, поедноставување на царинските постапки и натамошна интеграција, рече директорката Славица Кутиров на 19-от Поткомитет за трговија, индустрија, царина и даноци помеѓу ЕУ и Република Северна Македонија.

Притоа, Кутиров додава дека во наредниот период ќе следи поинтензивна работа и напори насочени кон целосно усогласување со ЕУ регулативата, како и нејзино имплементирање во пракса, што ќе го презентираат на Билатералниот скрининг состанок во јуни следната година.

На состанокот од страна на претставниците од Европската Комисија, како што информираат од Царинската управа, бил истакнат добриот напредок на Царинската управа во спроведување на реформите.

Во моментов, како што потенцира директорката, Царинската управа работи на имплементација на нови ИТ системи со што ќе се подобрат услугите за економските оператори, а воедно ќе се овозможи и поефикасна наплата на приходи, поефикасни контроли и сузбивање на сивата економија. Притоа, Кутиров нагласи дека неодамна се воведени и таканаречените „Зелени царински декларации“, со коишто царинската постапка автоматски се завршува во рок од еден час.

На поткомитетот се дискутирало и за мерките коишто беа имплементирани од страна на Царинската управа за справување со кризата предизвикана од пандемијата. Така, со цел обезбедување непречен проток на стоки, воспоставени се т.н. „Зелени коридори“ на граничните премини Табановце – Прешево, Ќафасан – Ќафтане, а од јули годинава и на преминот Богородица – Евзони, за стоки кои излегуваат кон Грција.   

Како дел од активностите за олеснување на трговијата преку регионална соработка, по потпишувањето на протоколите за меѓусебно признавање на компаниите со статус Овластен економски оператор – ОЕО со Србија и неодамна со Албанија, интензивно се работи на нивна имплементација во пракса, со цел да се овозможат дополнителни бенефити за овие компании при спроведување на царинската постапка. Воедно било потенцирано дека нашата држава е целосно подготвена и за меѓусебно признавање на овој статус со европските земји и приклучување во европскиот ОЕО систем. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн

Повторно достапни закажувањата за термин за нова лична карта, возачка дозвола и пасош

July 12, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Приказна за лавот и глушецот

July 12, 2025
Фото: МИА

Музичко-сценски спектакл вечер на Антички за отворањето на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

July 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Tошковски: Имало физички контакт при нападот врз Арсовска, но лага е дека се се случувало пред полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зоран Кардула со нова самостојна изложба: „Flora Imaginarium“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Арсовска со драматични обвинувања кон МВР: Се обидуваат да го заташкаат тепањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk