Заврши финалниот меч на M15 турнирот во Мадрид, Шпанија, во којшто нашиот најперспективен тенисер Калин Ивановски го совлада фаворитот Mark Whitehouse од Велика Британија. Резултатот по сетови беше 6-2 ; 6-4.
Претходно на овој турнир Ивановски извојува победи и против рускиот тенисер Marat Sharipov (6-4 ; 7-5), Италијанецот Federico Bondioli (6-3 ; 6-4), Мексиканецот Alan Fernando Rubio Fierros (6-4 ; 6-1) и во полуфиналниот меч против холандскиот тенисер Sidane Pontjodikromo (6-4 ; 1-6 ; 7-5).
Со триумфот на овој турнир Калин Ивановски освои нови 15 поени и пробив за околу 70 места на ATP листата.
Следен предизвик за Ивановски е турнирот во Трнава, Словачка. Првиот меч на овој турнир тој ќе го има најверојатно во вторник.
А. Ликароски