Пред почетокот на панел дискусиите на Самитот за Западен Балкан – ЕУ денеска се сретнав со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел, објави премиерот Димитар Ковачевски.
„Разговаравме за актуелните случувањa во Европа, кризата со енергијата, војната во Украина. Го информирав за актуелните процеси во Република Северна Македонија, посебно во делот на започнатиот скрининг процес како и за предизвиците со кои се соочуваме и успешно ги надминуваме“, објави Ковачевски.
Лидерите од Западен Балкан денеска ќе имаат можност да дискутираат со европските лидери Жозеп Борел, Шарл Мишел, Фон Дер Лајен и шефовите на европските држава, за европската иднина на целиот регион и јакнењето на соработката, не само помеѓу земјите од Западен Балкан, но и со земјите од ЕУ.