ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Голема полициска акција во Германија, ултрадесничарска терористичка организација планирала уривање на владата, уапсени 25 лица

December 7, 2022 15:15
in ДЕНЕС, СВЕТ

Германија утрово ја разбуди масивна полициска акција. Уапсени се 25 припадници на домашна ултрадесничарска и терористичка организација во рација ширум Германија, рано утрото денеска. Во полициската акција учествуваа 3.000 припадници на полицијата во 11 сојузни држави, каде што беше извршен претрес на 130 локации. Една поранешна парламентарка (во мандатот 2017-2021 година) од ултрадесничарската партија АФД е меѓу уапсените. Двајца се уапсени надвор од границите на Германија – во Италија и Австрија, пренесува Цивил Медиа.

Властите не го соопштија името на организацијата, но нагласија дека мрежата е дел од пошироко ултрадесничарско движење кое имало конкретен план за насилно соборување на германската држава и поставување нова влада.

Германското федерално обвинителство и германскиот министер за правда, Марко Бушман соопштија дека акцијата е дел од голема истрага насочена против осомничена терористичка мрежа со познати врски со движењето Рајхсбиргер (Reichsbürger – граѓани на Рајхот) и со американското ултрадесничарско движење QAnon. Министерот Бушман рече дека рациите биле извршени врз лица осомничени дека планирале вооружен напад врз државни институции.

„Од утрово се одвива голема антитерористичка операција. Федералниот јавен обвинител истражува осомничена терористичка мрежа од местото на настанот Рајхсбиргер. Постои сомнеж дека бил планиран вооружен напад врз уставни органи“ – напиша Министерот Бушман на Твитер.

Многу од уапсените имале воена обука, а меѓу нив имало и поранешни германски војници, вклучително и од армијата на поранешна Источна Германија, а се знаело дека биле тешко вооружени со оружје стекнато нелегално. Групата најверојатно била формирана кон крајот на 2021 година, велат обвинителите.

Меѓу уапсените има и едно лице што направило обиди да стапи во контакт со претставници на руската влада во врска со плановите, се наведува во соопштението на федералниот обвинител, но нема индиции дека добиле позитивен одговор од руските извори со кои контактирале.

Руски државјанин, кого обвинителите го идентификуваа како „Виталиј Б.“, е под „силно сомнение“ дека ги поддржувал заговорниците и дека се обидел да воспостави контакти со Москва.

Групата вклучува луѓе кои учествуваа во демонстрациите против Ковид карантинот и биле целосно под влијание на теориите на заговорот, соопштија властите.

Целта на терористичката група беше „да се урне постојниот државен поредок во Германија и да се воспостави нов сопствен облик на држава, чиишто контури се веќе разработени,“ при што било предвидено користење воени средства и насилство врз државните претставници, се вели во соопштението на обвинителите.

Плановите на групата вклучуваат и вооружен напад врз зградата на германскиот парламент, Рајхстагот, соопштија обвинителите. Членовите на терористичката група, исто така, формирале и влада во сенка што имале намера да ја инсталираат доколку нивните планови бидат успешни.

„Членовите на организацијата беа свесни дека оваа цел може да се постигне само со употреба на воени средства и насилство врз државните претставници. Ова вклучува и нарачување убиства“ – се вели во соопштението на обвинителството.

Подготви: Дескот на ЦИВИЛ

Tags: Германијаполициска акцијатерористичка организација
Next Post

Кејн се уште не знае дали ќе замине од Тотенхем оваа зима

НАЈНОВО

Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

September 3, 2025

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk