ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Андонов: Енергетската транзиција е реалност, за една година изградени се 80 мегавати фотонапонски електрани

December 8, 2022 13:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН

Регионот треба да се стреми кон што побрза енергетската транзиција, истакна Виктор Андонов соработник за енергетика во Владата на Република Северна Македонија на регионалната експертска Конференција за енергетика и клима „Look Up“ која се одржува во Копаоник.

Андонов на панелот „Обновливи извори реалност или мит” потенцираше дека токму оваа европска енергетска криза придонесе за зголемени активности во нови инвестиции во обновливи извори на енергија.

„За само една година во Северна Македонија изградени се над 80 мегавати на сончеви електрани, а се очекува до крајот на 2023 во македонскиот енергетски систем да има инсталирано околу 300 мегавати од фотонапонски електрани. Обновливите извори веќе се реалност во Европа и европските земји засилено инвестираат во нив. Владата на Република Северна Македонија, ја прифати таа реалност и ја донесе Стратегијата за развој на енергетиката до 2040, базирана на Европскиот зелен договор. Во Стратегијата предвидена е изградба над 1.500 мегавати на фотонапонски електрани, над 700 мегавати ветерни електрани и над 500 мегавати големи хидроелектрани” истакна Андонов.

Андонов во своето обраќање го потенцираше значењето на пумпно акумулационата хидроцентрала Чебрен, за успешна енергетска транзиција на земјата и регионот. Исто така, ги потенцираше и големите проекти од стратешки интерес, како што се најголемата фотонапонска електрана Стипион од француската компанија Akyo Energy, најголeмиот ветерен парк Вирови од германската компанија WPD, како и комбинираната гасна електрана која треба да се изгради во Скопје од Mytilineos од Грција. Сите овие проекти треба да придонесат за успешна енергетска транзиција на земјата и да бидеме пример во регионот.

Од 7 до 8 декември во Копаоник се одржува регионалната експертска Конференција за енергетика и клима „Look Up“. На конференцијата учествуваат над 55 панелисти од регионот и Европа, експерти во енергетиката како и над 400 учесници. Конференцијата ја отвори Марко Чадеж, претседател на стопанската комора на Србија и Ирена Вујовиќ, министерка за заштита на животната средина. Свои обраќања имаа и Тања Мишевиќ, министерка за Европа, Горан Весиќ, министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура како и Дубравка Дједовиќ, министер за енергетика и рударство.

Tags: Андоновенергетска транзицијарегион
Next Post

За Европа да биде безбеден и силен континент, потребен е мирен и интегриран Западен Балкан, нагласи Ковачевски на самитот во Виена

НАЈНОВО

Струшките вечери на поезијата – 64 години животворна мисија на зближување на културите и народите од сите меридијани

August 20, 2025

МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

August 20, 2025

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk