ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Од денеска блокада на превозниците само на „Илинденска“ пред Градското собрание

December 9, 2022 09:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Приватните автобуски превозници и денеска продолжуваат со блокада на сообраќајот во Скопје,  но, според најавите, од 10 часот изутринава нивни автобуси ќе има само на бул. „Илинден“, а ќе ги ослободат за движење крстосниците кај ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст. Со паркирани околу 200 автобуси на овие три сообраќајни точки превозниците од понеделникот поставија блокади барајќи исплата на долгот од Град Скопје и ЈСП.

Превозниците вчера на координативен состанок одлучија од 10 часот да ги дислоцираат автобусите од кај „Мавровка“ и Црвен крст и да се упатат на бул. „Илинден“, на потегот од зад Владата кон Карпош до „Алумина“. Причина за деблокадите, како што велат,  е да се направи поголем притисок на Град Скопје за да им се исплати долгот.

– Имавме координација со кооединативното тело на приватните превозници. После вчерашната прес-конференција во Градот Скопје, еден таков дебакл, една таква срамота што е направена, се повеќе излегуваат на виделина аргументите кој е главниот виновник за состојбава, кој е главниот виновник што граѓаните на Град Скопје ни криви, ни должни мораат да го трпат сето ова, која е главниот виновник што не сме исплатени, кој е главниот виновник за хаосот во сообраќајот. Тоа е директно градската управа, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Се повеќе нашиот револт се насочува и се фокусира кон управата на Град Скопје, изјави вчера Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побараат повторно средба со градските власти, Муриќ рече дека Арсовска нема намера да разговара со нив, бидејќи, како што посочи, ги нема аргументите. Најави дека ќе бараат помош директно и од премиерот Димитар Ковачевски.

– Колку пати веќе баравме средба со градоначалничката на Град Скопје. Колку пати вие медиумите ја чекавте да ви даде изјава. Таа нема намера да разговара ниту со вас, ни со нас бидејќи ги нема аргументите. Да ги имаше аргументите и да беше во право многу, многу одамна ќе излезеше и ќе се разјаснеа работите. Ќе бараме помош од сите засегнати институции, од повисоките инстанции на власта. Ќе бараме помош директно од премиерот на Република Македонија затоа што тој е премиер на сите граѓани, а ние сме дел од тие граѓани. Засегнати сме директно и бараме помош, медијација, каква било форма ќе бараме и од него, рече тој.

Возач, кој оваа дејност ја извршува веќе 33 години, вчера на протестот рече дека му должат околу шест илјади евра.

– Јас со една смена шест илјади, имаме колеги што се по 10 смени, по 11 смени, тука се некаде по 60-70 илјади евра, а должат по 100 илјади евра нафта. Ние ова што го работиме веќе три години сме во минус. Од пандемијата наваму ние сме се во минус. Но, ајде ќе издржиме. Јас оваа дејност ја извршувам веќе 33 години. И се сме во минус. Три години и повеќе сме во минус. Јас не можам 25 илјади денари да ги одвојам на страна за да ја хранам фамилијата. А кај ми се трошоците, кај за да го обновам возилото.  Па јас со 25 илјади и едно 5 илјади се позајмувам од другариве, од колегиве за да излезам на крај. Не можам да излезам на крај со мојата плата. Имам трошоци кај автобусот. Не можеме веќе, исцрпени сме, рече возачот.  

Tags: блокадаСкопје
Next Post

Попоска: Целта на пропагандата и дезинформациите е со неиспукан куршум да се сруши целото општество

Shortcut

Најново

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk