ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заедничкиот проект со Грција за пренатален скрининг во државава

December 9, 2022 16:00
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО

Во просториите на Министерството за здравство на Северна Македонија денеска беше заокружено потпишувањето на трилатералниот Меморандум за разбирање помеѓу ова Министерство и Министерството за надворешни работи на Хеленската Република, како и Фондацијата за фетална медицина (Fetal Medicine Foundation) во врска со спроведувањето на заедничкиот проект за пренатален скрининг во државава во периодот од 2022 до 2025 година, информираат од Грчката амбасада во земјава.

Согласно Меморандумот, цел на проектот за пренатален скрининг во периодот од 2022 до 2025 година е да се обезбеди бесплатна специјализирана нега за бремени жени од Република Северна Македонија со цел да се ограничи мајчината и перинаталната смртност и заболување.

Проектот ќе биде спроведен од страна на Министерството за надворешни работи на Хеленската Република и Фондацијата за фетална медицина која е официјално регистрирана добротворна организација со седиште во Обединетото Кралство.

Меморандумот за разбирање го потпишаа во одделни прилики министерот за надворешни работи на Хеленската Република, Никос Дендиас, министерот за здравство на  Северна Македонија, Беким Сали, и претставникот од Фондацијата за фетална медицина, проф. Кипрос Николаидис.

На настанот за завршното потпишување на Меморандумот за разбирање присуствуваа и амбасадорката на Хеленската Република во Скопје, Софиа Филипиду, придружувана од заменик-шефот на дипломатската мисија, Џина Андреади, и шефот на Канцеларијата за јавна дипломатија на грчката Амбасадата, Константинос Прокакис, како и министерот за здравство , Беким Сали, придружуван од државниот советник за здравство, Гордана Мајнова, и надворешниот советник за здравство, проф. д-р Ана Данева Маркова од Универзитската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Во рамки на проектот, во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, која е во тесна соработка со Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, ќе биди отворен оддел за пренатален скрининг. Долгорочна цел е отворање вакви оддели и во останатите делови од земјава во корист на севкупното население.

Исто така, во рамки на проектот ќе биде достапна и постдипломска студиска програма за акушерски ултразвук и фетална медицина во траење од една година, што ќе биде организирана во соработка со Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Асоцијацијата за фетална медицина на Република Северна Македонија. Студиската програма ќе опфаќа интензивна пракса на секојдневна база, теоретска обука преку интернет и дигитални медиуми и неделни состаноци за анализирање на конкретни случаи.

Дополнително, во проектот за пренатален скрининг ќе биде опфатена и професионална обука на акушери вработени во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, како и во регионалните болници од страна на Фондацијата за фетална медицина.

При спроведувањето на проектот за пренатален скрининг, од страна на Фондацијата за фетална медицина ќе биде обезбедена бесплатна опрема и експертиза, додека Министерството за надворешни работи на Хеленската Република ќе ја олеснува координацијата помеѓу Министерството за здравство на Република Северна Македонија и Фондацијата за фетална медицина –согласно дефинираното во Меморандумот за разбирање.

 

Tags: Грцијаздравствопрентален скринингСеверна Македонија
Next Post

Под лупата на ДКСК ќе се најдат судии и обвинители кои предвреме положиле правосуден

НАЈНОВО

Студија: Отпорноста на антибиотици предизвикува десетици илјади смртни случаи во Германија

August 20, 2025
Генерирано со ВИ

Маск се откажува од плановите за нова политичка партија

August 20, 2025

Скупи – Римскиот град под Зајчев Рид, археолошки бисер кој во себе крие неистражени тајни

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk