ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Калеска Ванчева: Има судии и обвинители кои не знаат што да прават со слободното време, додека други се преоптоварени со работа

December 13, 2022 22:28
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Дојдено е време кога треба да видиме дали треба да имаме судови и обвинителства каде судиите и обвинителите не знаат што да прават со себе во половина од работното време, додека од друга страна имаме обвинителства и судови кои се преоптоварени со работка. Сите се согласни дека со новата Стратегија за реформи во правосудството мора да се направи ревизија“ изјави пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска Ванчева во „Топ тема“ на Телма.

Таа додаде дека со вистинска анализа и ревизија на актуелниот систем ќе може вистински да се зајакнат судовите и обвинителствата за да нема судови или обвинители кои работат премногу, а други кои работат малку, а на крајот да земаат иста плата.

„Постојат објективни и субјективни причини за незадоволството во работата на обвинителството. Требаат повеќе средства, фалат обвинители и истражители. Но, дојдено е време кога мора и објективните и субјективните причини да бидат отстранети“ рече Калеска Ванчева.

Пратеничката кажа дека опозициската ВМРО—ДПМНЕ го блокира новиот Закон за Академијата за судии и јавни обвинители, подготвен од европски експерти со кои се зајакнуваат критериумите за идните судии и јавни обвинители.

Помошта од тимот за санкции од САД не е пораз, туку соработка и помош  за институциите, рече Калеска Ванчева.

Не би рекла дека доаѓањето на тимот за санкции од САД е пораз за институциите, туку тоа е знак на соработка и помош и јасен сигнал дека корупцијата не може да се толерира, изјави пратеничката .

Таа додаде дека корупција постои секаде, како што може да се види со најновиот корупциски скандал во Европскиот Парламент, но таму се гледаат брзо и одлучни реакции, нешто што очигледно недостасувало кај нас.

„Дали е тоа поради немање доволно капацитети од објективни или субјективни причини е предмет на анализа, но факт е дека споро се движат работите и честопати немаме вистинска разрешница. Мислам дека ваквата поддршка и помош од нашите вистински пријатиле е поефикасна од само давање пари“ изјави Калеска Ванчева.

Пратеничката кажа дека САД изминатите години има издвоено огромни средства за помош и јакнење на капацитетите на институциите, особено во правосудниот сектор.

Tags: обвинителиправдареформи во правосудствотоСнежана Калеска Ванчевасудии
Next Post
Архивска фотографија

Победа на скопјани, кавгата Данела-ВМРО нема веќе да се води на грбот на жителите

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk