ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Надица Јовановска Бошковска: Земјоделското осигурување претставува финансиска заштита, која ја зголемува отпорноста на земјоделецот од загуби

December 13, 2022 13:50
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија изготви закон за задолжително осигурување во земјоделството, со цел воспоставување систем на осигурување, кој ќе обезбеди ефикасен, брз и економичен пристап на заштита на лицата кои се занимаваат со земјоделство од ризиците предизвикани од временски непогоди и други настани.

На тема Задолжително осигурување на земјоделците, Агротим разговара со Надица Јовановска Бошковска, директор на претставништвото на Еуропа РЕ во Скопје, Северна Македонија.

Агротим: Во тек се дебати и разговор со земјоделските производители на тема Закон за задолжително земјоделско осигурување. Реакциите се главно позитивни, но кажете ни кои се најголемите придобивки за земјоделците кои произлегуваат од ова законско решение? Или каква е важноста на земјоделското осигурување?

Јовановска Бошковска: Земјоделството е значајна дејност за економскиот развој на нашата земја и дејност која ги обезбедува основните потреби на населението т.е. производството на храна. Од друга страна пак, климатските промени се наметнуваат како сериозна закана за земјоделското производство. Со години земјоделците се соочуваат со влијанието на неповолните временски настани, како град, ран мраз, поплави, суши итн., кои влијаат врз нивниот принос, а од временските непогоди не се поштедени ниту животните.
Затоа сметам дека земјоделците мора финансиски да бидат заштитени од сè почестите временски непогоди. Така, земјоделското осигурување претставува финансиска заштита, која ја зголемува отпорноста на земјоделецот од потенцијалните катастрофални финансиски загуби. Конкретно за новото законско решение на Владата кое сè уште е во фаза на донесување, би рекла дека го поздравувам и претставува одлична појдовна точка за создавање на еден одржлив систем во кој активно учество ќе земат Владата, земјоделците и осигурителниот сектор.
Околу придобивките за земјоделците би го потенцирала обезбедувањето на задолжителна финансиска заштита на нивниот посев, плод, грло добиток, пчелно семејство од временски непогоди и неповолни климатски настани, за што ќе бидат на брз и ефикасен начин обесштетени. Земјоделците како најранлива категорија ќе имаат можност да се осигураат под стандардизирани и поволни услови, во рамки на системското решение.

Агротим: Што всушност претставува Земјоделскиот ПУЛ, на кој начин ќе се одвива целата постапка, висината на полисите, начинот на исплата на штети и други административни процедури?

Јовановска Бошковска: Ние без храна не можеме да опстанеме, па оттука и без земјоделското производство, затоа неговата заштита е повеќе од неопходна. Од друга страна пак, заштитата може да се реализира само доколку се обезбеди систем во кој ќе учествува државата, земјоделците и осигурителниот сектор. Сите страни имаат и одговорност и интерес да учествуваат во системот. Таков земјоделски систем е всушност оваа законска новина т.н. земјоделски пул, која ќе обезбеди унифицирани услови, ниски тарифи, субвенционирана премија, финансиска заштита и брза исплата на штета. Токму ова се и бенефитите од системското решение кое се понуди и во рамки на кое државата ја има контролната функција, осигурителните компании продолжуваат со својата основна дејност да даваат осигурителни услуги и да бидат дистрибутивниот канал во рамки на системот додека земјоделците стануваат активна страна во системот преку нивното учество во премијата.

Административните процедури, согласно законското решение се базираат на тоа, Пулот како ентитет да е задолжен за донесување на стандардизирани услови, тарифи, план и програма за реосигурувањето, во што учество ќе имаат и осигурителните компании, продажбата ќе се реализира преку осигурителните компании и брокерските друштва, и други законски посредници, додека делот обесштетување е во рамки на пулот. Проценката на штета ќе се реализира со помош на овластени земјоделски проценители согласно Закон за проценка и Методологија за процена на средствата во земјоделството.
Би сакала да додадам и дека ова решение е адаптирано на македонските услови и пазар, но не е новина во светот. Со цел заштита, доверба и сигурност кај земјоделците, слични вакви системи се основале и успешно функционираат и во Турција, Шпанија, Израел, Азербејџан итн.

Агротим: Информацијата која најмногу ги заинтересира беше задолжително осигурување како еден од условите за добивање земјоделски субвенции. Обврзувачки за нив, но тоа е единствениот начин со кој ќе имаат сигурност на производството. Климатските промени допрва ќе ја потврдуваат важноста од осигурувањето на производството.

Јовановска Бошковска: Мислам дека не би бил целосен системот доколку не е врзан со добивањето на земјоделските производствени субвенции. Сепак, државата во континуитет дава финансиски средства (субвенции) по различен основ, а во случај на временска непогода повторно земјоделците се оставени сами на себе без конкретна заштита и бараат повторно помош од државата. Ова на долг рок е неодржливо. Па затоа сметам дека земјоделското осигурување е неопходен елемент во системот кој ќе придонесе од една страна учество на самиот земјоделец во системот, поголема одговорност кон истиот и истовремено финансиска заштита во слуај на временска непогода.

Агротим: Кога се планира да стартува и на кој начин? Министерот најави дека првите 3 години ќе биде бесплатно?

Јовановска Бошковска: Не би можела да наведам кога би стартувал системот, ние како Европа РЕ помагаме во делот поврзан со осигурување т.е. преку проектот финансиран од страна на InsuResilience Solution Fund реализираме активности во насока на подобра изградба на осигурителниот дел од системот. Сепак се работи за владина одлука кога истиот ќе стартува.
Околу тоа како ќе оди наплатата на премијата, и дали во првите 3 години ќе биде бесплатно, исто така не би можела да кажам, зошто ние не сме надлежни за земјоделските политики, но едно знам, дека земјоделците во еден момент пожелно е да земат активно учество во системот со цел негова одржливост и ефикасност.

Извор: Агротим

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Укринформ

Украински дронови уништија три руски хеликоптери и систем за противвоздушна одбрана на аеродромот во Крим

June 28, 2025

Над 69.000 пријавени дека бараат работа во Албанија, а во шпицот на туристичка сезона недостигаат 20.000 работници

June 28, 2025

Димитриеска – Кочоска: Во првата година покажавме дека знаеме и можеме, продолжуваме транспарентно и домаќински

June 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Решението лежи во делотворно востание на духовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Падна апликацијата „МојДДВ“, УЈП со известување за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала за УКРИНФОРМ: Треба јасно да ставиме до знаење дека Украина Е агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk