ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Северна Македонија го презема претседавањето со А5 во 2023

December 13, 2022 13:59
in ДЕНЕС, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на Министерскиот состанок на САД – Јадранската Повелба, што се одржа во Подгорица, Црна Гора. Во рамки на состанокот, Северна Македонија го презема претседавањето со Повелбата за 2023 година, кога се одбележува и 20 годишнината од нејзиното формирање, информираа денеска од МНР.

Во фокусот на разговорите беше стабилноста на Западен Балкан во контекст на актуелната безбедносна состојба, предизвиците со кои се соочува регионот и начините

Османи во своето излагање го истакна значењето на унапредување на регионалната соработка и потребата за засилување на заедничкиот, регионален придонес за зачувување на безбедноста и стабилноста на Регионот, воедно нагласувајќи ја силната поддршка од САД во таа насока.

-Северна Македонија, како земја членка на НАТО ќе продолжи со својот активен придонес за зачувување на стабилноста на Западен Балкан, кој што е и наш врвен надворешно – политички приоритет. Нашата земја е силно посветена кон промовирање на евроатлантските вредности, како и поддршка на другите членки на Повелбата во остварување на нивните евроатлантски аспирации, подвлече Османи.

Пред почетокот на Министерскиот состанок на А5, министерот Османи имаше и заедничка прес-конференција со премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на која ги претстави целите на претседавањето на Северна Македонија со Повелбата.

-Како иден претседавач со А5 ние веќе преземаме иницијатива за натамошна ревитализација на Повелбата. Целта е не само да ја зајакнеме, туку и да и дадеме соодветна улогата на А5 во нашиот регион. На некој начин, преку еден нов концепт, или нов наратив, да направиме адаптација на целите и мисијата на Повелбата, соодветни на новите геополитички предизвици и новите околности во кои се наоѓа регионот, истакна Османи

Тој нагласи дека за ревитализацијата на А5, што е во функција на поефикасно справување на земјите од регионот со денешните предизвици, Северна Македонија има јасна американска поддршка, што беше тема на дискусија и за време на одржаниот стратешки дијалог со САД, во јуни во Вашингтон.

Министерот Османи нагласи дека нашето претседавање со А5 се совпаѓа и со претседателството со ОБСЕ во 2023 година, со што земјава презема значајна и одговорна улога на регионален и мултилатерален план.

-Руската воена агресија врз Украина создаде сложени геополитички околности и нарушена безбедносна архитектура, па оттука претседавањето со безбедносните организации претставува посебен предизвик за нас, нагласи шефот на дипломатијата.

Во рамки на посетата на Подгорица, Османи ќе има средба и со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. сст/са/

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: а5Бујар Османи
Next Post

Абазовиќ: „Отворен Балкан“ се покажа корисна иницијатива, може да ја искористи и Црна Гора

НАЈНОВО

Од утре почнуваат побрзи и многукратно поевтини плаќања во евра преку СЕПА

October 6, 2025

ЕК: Кратењето на американската глобална помош, можност за раст на меѓународното влијание на ЕУ

October 6, 2025

„Риголето“ од Џузепе Верди на сцената на НОБ на 10 октомври

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk